КАФЕ ПАУЗА

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Понекогаш изгледа дека децата се во искушение да ги јадат највалканите нешта, како кал од дворот или „рудата“ што успеале да го ископаат од носот. За возрасните, овие и многу други работи кои ги прават децата може да изгледаат чудно и необјасниво. На пример, можеби се прашувате зошто вашето дете ја удира главата во креветчето пред да спие. Но, всушност постојат одредени причини децата да ги прават овие нешта.rnrnВо продолжение се објаснети некои од овие невообичаени начини на однесување. И, не грижете се, не е само вашето дете такво, многу деца ги прават овие работи!rn

1. Го задржуваат здивот

rnШто навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?rnrnЗа време на задржување на здивот, вашето дете може да плаче и потоа да престане да дише до 1 минута, да се вкочани, да побледи, па дури и да се онесвести неколку минути. И верувајте или не, тоа всушност не е нешто што тие може да го контролираат. Ваквото однесување може да се појави затоа што вашето дете е луто, вознемирено, исплашено, во шок или чувствува болка. Иако ова можеби изгледа страшно, обично е безопасно и ваквото однесување престанува да се појавува на возраст од 4 или 5 години.rn

2. Постојано ја соблекуваат својата облека

rnШто навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?rnrnДецата не се срамат кога се голи. Затоа не им е проблем да ја соблекуваат својата облека во секое време, на секое место, па дури и на јавни места. Можеби тоа го прават затоа што не им е пријатна облеката или затоа што чувствуваат топлина. Друга причина зошто тие може да се соблекуваат е затоа што тие само што научиле да го прават тоа самостојно, па тоа е нова вештина што прави да се чувствуваат посамостојно.rn

3. Пијат од водата за капење

rnШто навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?rnrnДецата можеби не разликуваат дека водата за капење е различна од водата за пиење. Бидејќи децата си играат за време на капењето, водата е дел од тоа, па затоа можеби им е забавно да ја пијат.rn

4. Ја удираат главата

rnШто навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?rnrnНекои деца удираат со глава во оградата од нивното креветче, перница или душек пред заспивање или среде ноќ. Околу 15% од децата го прават тоа. И додека некои сметаат дека е нарушување, други веруваат дека ова е еден вид на себе–смирувачко однесување, како што е на пример цицањето на палецот. Во секој случај, обично е безопасно и детето самостојно прекинува со ваквото однесување, така што не е потребен третман.rn

5. Ставање ситни предмети во нивните уши, нос и очи

rnШто навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?rnrnДецата сакаат да го истражуваат светот. Значи, кога ставаат мали нешта во ушите, носот и очите, тие експериментираат со различните предмети. Тие само сакаат да дознаат како тие функционираат и што може да им се случи.rn

6. Јадат „чудни“ работи

rnШто навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?rnrnДецата можат да јадат скоро сè, од мрсули, инсекти до секаква нечистотија. Тие сакаат да истражуваат нови нешта, а кој е подобриот начин да го сторат тоа освен да ги користат рецепторите за вкус? Кога се во прашање мрсулите, добро е да се знае дека тие всушност им се вкусни на децата!rn

7. Се влечат за косата

rnШто навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?rnrnДецата под 2 години може да ја вртат или да ја влечат својата коса за да се смират. Тие, исто така, може да го прават тоа затоа што им е досадно. На возраст од 3 години, тие учат и забележуваат како реагираат нивните родители на ова и може да им стане дел од однесувањето за да добијат внимание. Кај постарите деца, влечењето на косата може да биде знак на АДХД.rn

8. Сакаат да им ја читате истата книга повторно и повторно

rnШто навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?rnrnСлушањето на приказна која тие веќе ја знаат може да им помогне на децата да чувствуваат дека имаат контрола. И таа контрола им дава чувство на удобност. Тие знаат дека нивниот родител ќе им прочита книга пред спиење и знаат како се одвива приказната, па можат да се опуштат и да заспијат.rnrnМожеби сакате да дознаете и како правилно да разговарате со машките деца за сексот?rn