За годината која изминува може да се каже дека е година која ја одбележаа разни истражувања, иновации и трендови. Ова се најинтересните резултати добиени од овогодишните студии поврзани со љубовта и сексот.
rn
40% од луѓето ја користат музиката за разменување нежни допири за време на сексот
rnНајдобриот додаток на секоја спална соба е музичката колекција. Според едно истражување на шведскиот музички сервис Spotify, 40% од луѓето сметаат дека слушањето музика го поттикнува разменувањето на нежни допири за време на сексот.rnrn
12% од мажите не го паметат роденденот на нивните сопруги
rnБританската компанија за здравје и убавина Superdrug спроведе анкета според која 12% од мажите не ги знаат или не ги паметат родендените на нивните сопруги. Истата анкета покажа и дека 11,39% од мажите не знаат кој број на градник носат нивните сопруги, а 23% не се сигурни за точната големина на фустаните кои жените ги посакуваат.rnrn
19% од жените кои имале предбрачни сомнежи се развеле во рок од 4 години
rnИстражувањето спроведено од страна на УКЛА потврдило дека идните младоженци мора да го сфатат бракот посериозно. Имено, 47% од мажите и 38% од жените признале дека имаат одредени сомнежи во врска со бракот. Околу половина од испитаничките се развеле по 4 години брачен живот.
rn
50-годишните преферираат заеднички живот наместо брак
rnБројот на личности постари од 50 години кои се одлучуваат за заеднички живот наместо за брак е во пораст. До ваков заклучок дојде американското Списание за брак и семејство. Заедничкот живот на паровите кои учествувале во истражувањето траел околу 8 години и само 18% од нив се разделиле.rnrn
Среќата започнува на 33 години
rnБританската социјална мрежа Friends Reunited ве советува да не ја барате среќата во 20-тите години затоа што таа доаѓа подоцна. Вистинската среќа започнува на 33 години. На ова се согласија 70% од анкетираните постари од 40 години.rnrn
45% од жените се чувствуваат попривлечни после секс
rnОдредени истражувања спроведени на оваа тема покажаа дека високи 93% од жените се физички задоволни од себе, 67% се повесели, додека 45% се чувствуваат попривлечни по водење љубов.
rn
Најновото средство за контрацепција ќе трае 10 години
rnНаучниците започнаа со клинички испитувања на најновото средство за контрацепција кое може да трае до 10 години. Превентивниот серум се инјектира во машкиот полов орган, а целата постапка трае околу 15 минути. Сепак, овој вид на контрацепција нема да биде достапен сè до 2015 година.rnrn
Хиперсексуалните личности менуваат просечно по 15 партнери годишно
rnПод хиперсексуални личности се подразбираат личности кои се зависници од секс. До оваа дефиниција експертите од УКЛА кои, исто така, утврдија дека хиперсексуалните личности имаат во просек по 15 партнери годишно.rnrn
25% од мажите ќе се оженат дури и ако нема љубовни искри меѓу партнерите
rnАнкетата што ја спроведе сајтот Match.com покажа дека 25% од мажите ќе се согласат на брак дури и ако воопшто не почувствуваат љубовни искри.
rn
Девојките сакаат лоши момци 7 дена во месецот
rnТексашкиот универзитет во Сан Антонио направи истражување според кое постојат одередени 7 дена во месецот кога девојките сакаат лоши момци. Ова се случува кога девојките се во период на овулација и се залажуваат дека лошите момци еден ден ќе станат посветени партнери.rnrn
40% од студент(к)ите се состануваат со нивните поранешни партнер(к)и
rnИако ова може да биде примамливо за обновување на старата романса, Универзитетот во Канзас направи истражување во кое учествуваа парови кои раскинувале и повторно биле заедно. Истражувањето покажало дека 40% од студентите се склони кон вакви врски, но и дека оние кои повторно биле заедно имале полош меѓусебен однос, биле понезадоволни и понесигурни.rnrn
46% од мажите сакаат да започнат заеднички живот со партнерката по една година состанување
rnИстражувањето кое било спроведено на оваа тема покажа дека мажите се поподготвени за заеднички живот, за разлика од жените. 46% од нив сакаат да живеат заедно со својата партнерка по една година состанување, во споредба со 26% од жените кои би се одлучиле на ваков чекор.
rn
46% од жените би се помириле со изневерувањето
rnУште еден сајт оваа година спроведе истражување во врска со љубовта и изневерувањето. OurTime.com дојде до изненадувачки резултати според кои 46% од жените би се помириле со мажот доколку дознаат дека биле изневерени. Кај мажите оваа бројка изнесува 37%.rnrn
На 25% од луѓето им е здодевно во врската
rnВеб-сајтот Good in Bed спроведе анкета која покажа дека 25% од луѓето кои се во врска чувствуваат здодевност, а уште 25% се на работ на здодевноста. Затоа пак, 58% изјавиле дека би сакале да пробаат нешто ново во спалната соба.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
