Шик комбинации со чорапи над колена

Сподели

Зимата е сезона на облекување во слоеви и интересни детали, меѓу кои неопходни за модерен изглед се и чорапите над колена. Погледнете некои од начините на кои можете да ги комбинирате во зависност од вашиот омилен стил.rn

Реклама

Ретро стил

rnКомбинирањето на чорапите над колена може да биде во ретро стил. Тесното фустанче, чевлите и шапката кои ги гледате на сликата, заедно со црните чорапи се една опција за постигнување на ретро стил.rn

Школски стил

rnЦрната облека во комбинација со сивите чорапи дава типичен школски изглед, но истовремено и зрачи со софистицираност. Црвен кармин на усните и впечатлива чанта совршено ќе го надополнат целокупниот изглед.rn

Класичен стил

rnЦрно-белата комбинација е синоним за класичен изглед. Лелеаво црно фустанче, бела наметка и црни чорапи над колена навистина прави еден елегантен, класичен изглед.rn

Рокерски стил

rnЕдноставно, а сепак моќно и малку рокерски. Темноцрвената кожна сукња со сиво-црното палто и црните чорапи над колена е одлично искомбинирана. Употребата на едно парче облека во повпечатлива боја може да го освежи целиот изглед.rn

Женствен стил

rnЗа постигнување на поженствен изглед може да изберете чорапи над колена со одредени детали, како машнички или рабови со чипка. Токму таквите детали ќе ве направат да изгледате различно и уникатно.rn

Зимски стил

rnЧорапите над колена прекрасно одговараат со чизми. Делот од чорапите кој се познава над чизмите дава удобен, освежувачки и интересен изглед, со голема доза на индивидуалност и личен печат.rn

Со хулахопки

rnКако што кажавме на почетокот, зимата е одличен период за облекување во слоеви. Облечете ги омилените хулахопки и над нив чорапите над колена. Ќе изгледате стилски, а и ќе ви биде потопло.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира