КАФЕ ПАУЗА

Сакате рифреш или старт овер аген?

Сакате рифреш или старт овер аген?

Written by

in

,

Во последно време ме мачи прашањето, зошто луѓето толку очајно сакаат да ги повторат врските кои еднаш им пропаднале? Зошто би сакале да си ја повториме несреќата? Зошто повторно би го направиле истиот избор знаејќи дека е погрешен? И дали постои љубовна одмазда?rnrnВсушност, станува збор за ситуацијата, кога на пример, твојот бивши ќе ти заѕвони на телефон и ќе те повика на кафе. Како, зошто, од каде, која е целта, за што би правеле муабет? Работите завршиле така гадно помеѓу вас, повеќе од година дена збор не сте си рекле, еден ден телефонот ѕвони, бројот од негде ти е познат, ама не ти текнува од каде, слушаш познат глас и… „Кога си слободна да пиеме кафе?“ Да пиеме кафе? Во смисла да си направиме муабет? Шо прајш, како си, што има ново, како ти е животот откако во последниот разговор и двајцата се отеравме… на едно лошо место. Само прашалници ми се вртат во глава. Која е целта??Сакате рифреш или старт овер аген?Ама не е така сложено. Ако добро размислиш си има причина. Си го навраќам филмот. Многу разговори, дискусии за љубовните врски, со пријателки, познаници, раскажани случки… Чекај малку, па тоа е љубовна одмазда. Сега ќе ви објаснам, а откако ќе сфатите што мислам, ќе ви стане јасно како бел ден… дека и вие сте ја доживеале, секој ја доживеал!rnrnДвајца се во врска, едниот гадно го повредува другиот, егото на повредениот е фатено со рака, фрлено на улица и згазнато неколку пати. Што прави повредениот? Чека извесен период, крева слушалка, или наоѓа друг начин да ти се приближи, пробува некако да направи да се сретнете на само, па да започнете некаков однос, нешто можеби слично на врска, демек да пробаме пак, ама сè со цел за овој пат, тој/таа да биде онаа страна која остава и повредува. Да, остава и повредува, активен извршител, а не трпител на дејството.rnrnНема врска машко его или женско его, ваквиот нагон за одмазда еднакво го поседуваат и двете страни. И не е само во љубовта, туку речиси за сè во животот. Луѓето сакаат да го кажат последниот збор, да си ја олеснат душата, да го одмаздат повреденото срце, да кажат дека на крај тие се оние кои најслатко се смеат.rnrnНели е глупаво да губиме време планирајќи одмазда? Што докажуваме со кроењето план за одмазда? Дека сè уште не сме ја заборавиле и преболеле личноста и дека уште ни е главна тема на размислување. Љубовната одмазда се состои од две поенти: или пробува да ти се одмазди, или сака да ти докаже дека те преболел/ла и прекрасно му е/ѝ е во животот без тебе… а најверојатно и двете. Јасна да ни биде оваа вистина: Човек кој навистина е среќен и успешен, нема да се труди од петни жили да го докаже тоа. Така што, при секој обид за ваква одмазда, се докажува спротивното од она што сме сакале да го докажеме. Плус, таа одмазда, никогаш, ама НИКОГАШ не успева. Можеш само да завршиш поповреден/а од претходно.rnrnНели едноставно треба да ги оставиме работите да си течат онака како што си течат? Да си продолжиме со животот? Прво не ми беше ни на крај памет да пишувам на темава, си мислев оваа глупост не може да биде толку честа, сè додека не сфатив дека љубовната одмазда му се случила буквално секому. Или сте пробале да ја извршите, или некој пробал да ви се одмазди вам.rnrnНема рифреш опција во реалниот живот, не сме програмирани како компјутерите. Никогаш не сум верувала во поправањето на нешто што еднаш се скршило, секогаш ќе ја гледаш залепената пукнатина и ќе те потсеќа на едно нешто: ова еднаш се распука, кој гарантира дека нема да се случи пак? Затоа станав отпорна на такви глупости. Никогаш не сум гледала поента ни во одмаздувањето, ниту пак во пробувањето да успее пак нешто што еднаш дошло да степен за нигде.rnrnДа тапкаме во место и да повторуваме грешки? Да си го потрошиме животот во одмазда или во докажување некому нешто? Е не, не е баш некој сјаен избор!rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rnrn
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.