Ако немате сѐ што сакате во животот, можеби треба да престанете да барате оправдувања во кармата, астрологијата или минатиот живот. Доколку ништо ново не ви си случува во изминатиот период, време е да престанете да ги правите следните неколку работи.rnrn
rn
Мислите дека читањето е доволно
rnМислите дека доколку читате книги за самопомош и личен развој, работите сами по себе некако ќе се средат. За жал, реалноста е поинаква. Книгите се тука само за да ве подучат, но нема да ја завршат целата работа за вас.rn
Мислите дека зборувањето е доволно
rnКолку пати сте зборувале за планови кои сте кажале дека дефинитивно ќе ги исполните и на крајот ништо не се случува? Одлучете се да зборувате само за целите што веќе ги имате исполнето и да не си давате лажни ветувања.rn
Мислите дека успехот се случува преку ноќ
rnЗапомнете дека ќе биде потребно многу време за да смените нешто во животот, но тоа не е причина уште веднаш да се обесхрабрите и откажете. Ослободете се од притисокот дека мора да успеете уште веднаш и уживајте во процесот на промена.rn
Се грижите што мислат другите
rnМожете или да се грижите што другите ќе кажат или едноставно да си ја вршите работата. Луѓето секогаш ќе имаат што да кажат. Што и да правите, не дозволувајте тоа да влијае врз вашите сништа и долгорочни цели.rn
Чекате да се „наместат“ ѕвездите
rnНемаме ништо против астрологијата, која некогаш може да биде многу корисна, но никогаш не се откажувајте од нешто што многу сакате да го направите само поради еден хороскоп. Моќта повеќе лежи во вас, отколку во ѕвездите.rn
Се потпирате на автосугестија
rnМислите дека автосугестијата е доволна за да успеете во нешто и да се промените. Да, таа е корисна, но само ако е пропратена со соодветно однесување и дејствување од ваша страна.rn
Не правите ама баш ништо
rnАко нешто не оди, прашајте се дали воопшто превземате некаква акција или само се обидувате да се убедите дека веќе сте направиле сѐ што сте можеле. Не ги одложувајте работите што треба да ги завршите, почнете со завршување на една задача и ќе видете колку поубаво и поисполнето ќе се чувствувате. Само така ќе сфатите дека сѐ зависи од вас.rnrnДоколку се пронајдовте во повеќето од овие точки, тогаш е време нешто да промените. Наместо да се фокусирате на надворешните фактори на кои не можете да влијаете, барем потрудете се да се промените себеси, едноставно да дејствувате и навистина да ги почувствувате радостите на животот!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.