КАФЕ ПАУЗА

Прирачник за бруцоши: Што да очекувате од животот со цимер?

Прирачник за бруцоши: Што да очекувате од животот со цимер?

Written by

in

,

Факултетот значи дека ќе пробате многу нови нешта. Можеби ова ќе биде прв пат да живеете настрана од родителите, прв пат да имате голема одговорност и прв пат самите да си го правите дневниот распоред. Во овие нови искуства може да спаѓа и живеењето со цимер.rnrnПрирачник за бруцоши: Што да очекувате од животот со цимер?rnrnАко сте навикнати да живеете сами во собата, можеби ќе треба малку да се прилагодите на студентскиот живот. Иако за ова прилагодување ќе биде потребно време, наскоро ќе сфатите дека овие години се едни од најдобрите во вашиот живот. Па, погледнете што можете да очекувате.rn

1. Можно е да имате целосно различни распореди

rnГолема е веројатноста секој од новите пријатели да има различен распоред, а тоа е сосема во ред. Вашиот цимер можеби ќе биде утринска личност што сака да оди во теретана и да појадува дома пред предавањата. Вие можеби сте ноќна птица која сака да спие до доцна. Додека се прилагодувате еден на друг, ќе најдете време и за вас двајцата.rn

2. Ќе учите заедно до доцна, често со пица

rnУчењето до доцна навечер е речиси неизбежно на факултет. Ќе го поминете времето или во читална или во вашата соба. Без разлика каде сте, пицата често ќе биде на вашето мени. И двајцата сте работеле напорно, па потребно е да се почестите.rn

3. Подготвувањето за излегување ќе биде голема забава

rnНа факултет нема да бидете соочени само со предавања и проекти. Ќе се дружите многу со вашите колеги. Потребно е да се опуштите за време на викендите, а цимерот ќе биде одличен партнер за тоа. Без разлика колку се забавни излегувањата, најзабавно ќе ви биде самото подготвување.rn

4. Ќе се потсетувате за обврските

rnЖивеењето сами може да биде најдобриот, но и најтешкиот дел од факултетот. Ќе сфатите дека навистина ви недостига мајка ви за да ве потсетува да ја средите вашата соба. За среќа вашиот цимер е овде да го прави ова. Заедно ќе ја перете облеката, ќе ја чистите собата, а сите овие здодевни обврски ќе станат многу позабавни кога ќе ги правите заедно.rn

5. Ќе одите во мензата по пижами

rnМензата во домот е одлично место за дружба. Со текот на времето ќе забележите дека е најдобро да ја посетувате по пижами. На факултет на сите им е јасно дека понекогаш имате потреба да појадувате додека сте удобно облечени.rn

6. Ќе имате традиции што ќе ги разбирате само вие

rnКога ќе живеете заедно ќе сфатите дека имате многу слични интереси, а од овде ќе произлезат многу забавни традиции. Можеби и двајцата сакате да готвите, па ќе пробувате нови рецепти секогаш кога ќе имате време.rn

7. Цимерот може да ви стане најдобар пријател

rnКога делите соба со некого, постои потенцијал да се роди навистина длабока поврзаност. Личноста со која сте немале ни разговарано може да стане вашиот најдобар пријател. Од заедничките традиции до заедничкото решавање проблеми, цимерот ќе ви стане најдобриот пријател од факултет.rnrnДознајте кои се предностите и недостатоците кога сте цимери со најдобриот пријател.