Ако се запрашувате како некои парови, или вашите баби и дедовци, издржале толку многу години заедно и успеале да функционираат како едно, еве што велат и што ве советуваат долгогодишните животни партнери на таа тема.rnrn
1. Прифатете ги недостатоците на вашиот партнер
rn
rn
„Кога сакате некого, нормално е да имате недоразбирања. Ќе имате разлики, ќе верувате во различни работи. Не го сфаќајте тоа лично. Прифатете ги добрите страни на таа личност и прифатете ги и живејте со оние што би сакале да ги подобрите, но не можете. Фокусирајте се на добрите нешта.“ – Харви
rn
2. Не се обидувајте да направите сè одеднаш
rn
rn
„Кога станува збор за љубовта, запаметете: сè треба да е умерено. Во умереноста е клучот.“ – Лес
rn
3. Слушајте се еден со друг
rn
rn
„Слушајте се еден со друг и вистински следете што ви кажува вашиот партнер. Ние сме долги години во брак и слушањето еден со друг е нашиот клуч.“ – Џорџ
rn
4. На љубовта ѝ треба време
rn
rn
„Љубовта се развива низ долг период. Многу често сексуалната привлечност ве прави да се чувствувате заљубено, па продолжувате понатаму. Но, всушност, љубовта се развива со тек на време и така сè повеќе почнувате да ја цените таа личност.“ – Нил
rn
5. Довербата и почитта се клучот
rn
rn
„Ние правиме сè еден за друг. Никогаш не сум се чувствувал како да правам премногу и таа никогаш не се чувствувала како да прави премногу. Никогаш не се земаме здраво за готово. Ние си веруваме и се почитуваме. Тоа е најважната работа.“ – Денис
rn
6. Одберете мудро
rn
rn
„Да одлучите да се земете со некој е голема одлука, па бидете сигурни дека сте одбрале мудро и дека не постои никакво ‘А, што ако?’“ – Марк
rn
7. Смејте се еден со друг
rn
rn
„Само продолжете да се смеете.“ – Џим