Бидејќи мајка ви некогаш била дама со стил, а и модните трендови се повторуваат. И покрај сè, можеби ви е неудобно да ги носите алиштата на вашата мајка, но кога ќе ги погледнете овие причини зошто би требало, дефинитивно ќе го промените вашето мислење.rnrn
rn
1. Таа има повеќе алишта
rnТоа што вашата мајка е барем дваесет години постара од вас, значи дека таа имала толку време за да ја оформи својата гардероба. Поради тоа, таа сигурно има неколку вредни парчиња, кои вие сè уште не можете да си ги купите, а тоа се главно: чанти, бунди, кожни јакни.rn
2. Винтиџот е сè уште во мода
rnВо последните неколку години во мода е винтиџ стилот на облекување, а каде најлесно ќе го пронајдете тој стил ако не во гардероберот на вашата мајка. Ако вашата мајка била девојка од 60-тите и припаѓала на „хипи“ движењето, тогаш таа сигурно има цветни фустани до земја и извезени корсети, кои слободно може да ги позајмите.rnrn
3. Дуплирање на гардероберот
rnАко вие и вашата мајка носите ист конфекциски број, тоа значи дека наутро имате цел гардеробер плус на располагање кога треба да одлучите што да облечете.rnrn
rn
4. Можност да бидете креативни
rnНекои парчиња од гардероберот на вашата мајка не виделе дневна светлина неколку години. Може да ги освежите со некои ваши сопствени идеи.rn
5. Ризница на семејното наследство
rnВо гардероберот на вашата мајка сигурно ќе ги пронајдете оние обетки со рубини кои сакавте да ги гледате на ушите на вашата баба. Целиот семеен накит кој го носеле постарите членови на семејството, сега сигурно ѝ припаѓа на вашата мајка, а тоа значи дека еден ден ќе биде ваш.rn
6. Класични парчиња
rnСтварите како малиот црн фустан, парот добри салонки или бундите се класични, безвремени парчиња. Нив сигурно ќе ги пронајдете во гардероберот на вашата мајка, а на вас ќе изгледаат на потполно различен начин.rn