Марина Добрева е стилист, моден претприемач, која живее и работи во Њујорк. Покрај стилските совети, се занимава и со преуредување на плакарите на своите клиенти, преку додавање, реорганизирање или пак исфрлање на некои парчиња облека. Прочитајте кои се нејзините генерални совети за тоа кои работи една жена треба веднаш да ги исфрли од плакарот.rnrn
rn
Излитена црна облека
rnВеднаш исфрлете ги црните излитени џемпери, маици, и кардигани. Купувајте волнени кардигани и џемпери, затоа што не избледуваат како памучните и траат подолго.rnrn
rn
Смалени џемпери
rnМногу често во плакарот ги оставате смалените џемперчиња, мислејќи дека сепак ќе се вклопат во некоја комбинација. Но, реалноста е дека веќе не изгледаат убаво и само непотребно зафаќаат простор.rnrn
rn
Припиени маици
rnПрипиените маици не изгледаат природно и убаво на никого. Купувајте пошироки модели, како оваа десно на сликата подолу.rnrn
rn
Стари балетанки
rnОвие треба веднаш да се фрлат! Колку и да сте ги платиле, кој бренд и да се, ако се износени, време е да се збогувате со нив и така да спасите многу убави комбинации. Заменете ги со нови и неизносени за подобар целокупен изглед.rnrn
rn
Војнички панталони
rnПанталоните со толку многу џебови се едноставно премногу тешки и воопшто не им прилегаат на дамите.rnrn
rn
Избледени тексас фармерки
rnПрепорачливо е да се купуваат фармерки од потемен тексас. Исфрлете ги избледените парчиња облека и во иднина купувајте фармерки со потемен тексас, како овие десно на сликата подолу.rnrn
rn
Црни чевли
rnАко ви требаат чевли кои ќе ви одговараат со сè, подобро купете си некои со кожа боја. Визуелно ќе ви ги издолжат нозете, а и поубаво ќе одговараат со секоја комбинација.rnrn
rnrnДоколку ви се допаднаа советите и сметате дека ви беа корисни, погледнете ја и официјалната страна на Марина Добрева, каде ќе најдете уште многу интересни информации.
