Секој трик кој на жената ќе ѝ помогне побрзо и поефикасно да дојде до посакуваниот изглед е повеќе од добредојден. Ако почнавте да ги применувате првите 10, време е да го надградите знаењето со уште 10 нови трикови.rnrn
rn
1. За мали изгореници
rnАко се изгорите додека ја виткате или пеглате косата, нанесете јогурт или кисело млеко на изгореното место.rnrn
rn
2. Помош при изгореници од сонце
rnЗа третирање изгореници од сонце замрзнете гел од алое вера во калап за мраз, и потоа ставајте од него врз изгореното место.rnrn
rn
3. Сода бикарбона за отстранување на дамките од забите
rnНанесете малку сода бикарбона на четката за заби и така исчеткајте ги. Ова ќе ви помогне за отстранување на површните дамките од забите.rnrn
rn
4. Како до совршени мачкини очи?
rnНацртајте помошни линии со тушот, а потоа само потполнете ги празнините.rnrn
rn
5. Издробена сенка за очи
rnИздробете ја на уште поситни парчиња, па ставете алкохол. Потоа измешајте ја, нагмечете ја, исчистете го нередот и оставете ја да се исуши. Ќе биде како нова.rnrn
rn
6. Направете свој бронзер
rnИзмешајте цимет, какао, морско оревче и пченкарно брашно за секси, сончан изглед вашето лице.rnrn
rn
7. Направете парфемот подолго да трае
rnИстријте вазелин на пулсирачките точки, а потоа нанесете парфем.rnrn
rn
8. Перфектен раб за мачкини очи
rnСо помош на лажица, како што е покажано на сликата направете перфектен раб, без грешка.rnrn
rn
9. Потенцирање на усните
rnСè што ви е потребно е вашиот омилен коректор и вашиот прст. Нанесете од коректорот околу усните и нежно размачкајте.rnrn
rn
10. Спречете го потењето при сушење на косата
rnСпречете го потењето додека ја сушите косата така што претходно ќе нанесете дезодоранс позади вратот.rnrn