Останете сингл додека не го запознаете човекот кој нема само ноќите да ги поминува со вас, туку ќе ги дочекува и утрата будејќи се покрај вас. Останете сингл додека не ја запознаете личноста која ќе може да ве прочита подобро од сите останати. Личноста која ќе може да ве погледне и без да изустите ниту еден збор да дознае како ви поминал денот. Личноста која ќе може да ја препознае глумата што му ја продавате на светот и ќе знае кога да ве прегрне.rnrn
rnrnНе започнувајте врска додека не го запознаете човекот со кого ќе остварите неверојатна поврзаност која нема да можете никому да ја објасните. Само вие ќе знаете дека станува збор за чувство што ве исполнува и ве соединува во целина.rnrnНе започнувајте врска додека не го запознаете човекот кој целосно ќе ве пушти да влезете во неговиот свет. Не плашете се, дури и да станува збор за место коешто не е секогаш пријатно и весело. Останете покрај него кога ќе ви ги открие најголемите стравови, најмрачните мисли и најлошите денови. Таа личност ќе ви ги покаже сите нејзини недостатоци и маани, а вие сепак ќе ја сметате за прекрасна.rnrnОстанете сингл додека не го запознаете човекот кој ќе го распламти вашиот оган и кој ќе ве држи за рака додека ги остварувате вашите соништа. Секогаш кога ќе го погледнете, ќе знаете дека тој верува во вас и вашите способности.rnrnОстанете сингл додека не ја запознаете личноста која ќе ве научи дека грешките не ве дефинираат. Вашите несигурности не го одредуваат вашиот идентитет. Оваа личност ќе го извлече најдоброто од вас и ќе ви покаже дека сте посилни одошто мислите.rnrnОстанете сингл додека не го запознаете човекот кој ќе ги сруши сите ѕидови што некогаш сте ги изградиле. Човекот кој ќе ве повлекува назад секогаш кога ќе се обидете да го оттурнете од себе. Оној кој ќе ја излечи сета болка што сте ја криеле толку долго време.rnrnНе започнувајте врска додека не го запознаете човекот кој нема да сака да бидете совршени, бидејќи ќе знае дека вашите недостатоци совршено ве надополнуваат и ве прават посебни. Не започнувајте врска додека не ја запознаете личноста чие расположение ќе стане ваше. Нејзината среќа ќе биде ваша. Нејзиниот успех ќе стане ваш. Личноста чии неуспеси и тага ќе можете да ги почувствувате како да се ваши.rnrnНе започнувајте врска додека не го запознаете човекот кој ќе ја помни секоја ситница што ќе ја споделите, дури и да не се сеќавате дека воопшто сте го кажале тоа некогаш. Не започнувајте врска додека не го запознаете човекот кој ќе го уништи вашиот страв од двата магични збора што толку вешто сте ги одбегнувале во минатото.rnrnНе започнувајте врска додека не го запознаете оној кој ќе ви помогне да сфатите дека домот не е место туку личност, а таа личност засекогаш ќе стане вашето засолниште.rnrnПрочитајте и како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.
Не започнувајте врска додека не го запознаете оној кој ќе биде вашето засолниште
