КАФЕ ПАУЗА

Не занемарувајте го повикот на вашата душа!

Не занемарувајте го повикот на вашата душа!

Written by

in

,

Понекогаш се случува да заборавите кои сте, од каде доаѓате и што можете да бидете, па затоа ви треба некаков потсетник. Дали го занемарувате повикот на вашата душа? За волја на вистината, вашата душа е вашата вистинска суштина, вашето вистинско постоење, а еве ги најважните работи кои вашата душа сака да ги запомните.rnrnНе занемарувајте го повикот на вашата душа!rn

1. Вие сте токму таму каде што треба да бидете

rnВашата душа сака да запомните дека без разлика на околностите, местото каде што сте во овој момент е местото каде што треба да бидете. Изборите, исходите, патеките по кои можевте да одите не се важни. Запомнете дека сè се случува со причина и ништо не е случајно.rn

2. Сè е привремено

rnНишто не трае вечно, доброто, лошото – ништо не е трајно. Затоа, прифатете ги подемите и падовите на животот.rn

3. Сè што ви треба е веќе во вас

rnСпознајте се, анализирајте се себеси. Сè што ви треба, вашата сила, храброст, сочувство и љубов, сето тоа постои внатре во вас.rn

4. Живејте го сегашниот момент

rnНе живејте во минатото и не сонувајте за иднината. Најдете ја вашата страст и преземете акција сега и овде. Следниот момент во вашиот живот не е поважен од овој момент. Направете го денес она за кое сонувате цело време и сфатете дека вашите минати постапки требаше да се случат за да можете да научите и да растете.rn

5. Ослободете ги вашите стравови

rnВашата душа сака да запомните дека има само две вистини во целиот универзум, првата е љубовта, а втората е стравот, целосно спротивставени една со друга. Затоа, за да доживеете состојба на вистинска и чиста љубов, неопходно е да го елиминирате стравот.rn

6. Ослободете се од вашата потреба за контрола

rnСтавете крај на илузијата дека можете да имате контрола врз исходите од животот. Не знаеме што ќе донесе иднината и не можеме да ги разбереме последиците од секоја акција и реакција, па затоа вашата душа сака да запомните дека мора да сакате без да се приврзувате, да живеете без очекување и да ги перципирате нештата без осудување.rnrnОткако прочитавте за повикот на душата, можеби ќе сакате да прочитате и за комуникацијата со душата: 7 начини на кои вашето вистинско јас се обидува да ве води.rnrnИзвор: themindsjournal.com