Бидете трпеливи со времето на вашиот живот. Сигурно секојдневно имате рокови до кои треба да се придржувате за да ги исполните вашите обврски, крајни датуми и уште многу други работи кои „ве брзаат“. Но, стрпете се, имате време за сѐ. Вам не ви е даден овој живот за постојано да брзате и да трчате, туку да уживате додека чекорите низ него, да уживате по секој пат и во секој преземен чекор.rnrn
rnrnНе трчајте премногу брзо низ вашиот живот. Попатно дајте си време да ги разгледате убавините што ве опкружуваат, време да размислите, да набљудувате. Забележете дека и во зима постојат сончеви зраци кои може да ве згреат. Настојувајте во сѐ она што ве опкружува да најдете убавина, затоа што дури и кога природата е замрзната може да создаде прекрасни пејзажи.rnrnДајте си време на себе. Затоа што додека сте зафатени трчајќи наоколу, без да уживате во убавините на животот, ќе го пропуштите снегот кој ќе почне да се топи. Ќе пропуштите да видите како тревата повторно раззеленува, како пролетта повторно заживува и како цвеќињата расцутуваат. Не дозволувајте зад вас да помине убавината на малите нешта. Не треба пасивно да минувате низ животот со исцрпени бели дробови. Земете длабок здив, зашто вам ви треба нешто поголемо и поубаво.rnrnДајте си време за дишење, да седнете, да ги затворите очите и вистински да погледнете. Побарајте ја убавината во скршените гранки и облачното време. Видете ја онаа убавина која е присутна насекаде околу вас.rnrnДозволете си да бидете она што сте. Не трчајте. Дајте си го трпението кое го заслужувате. Дозволете му на вашиот живот да минува бавно и смирено, наместо низ бура. Забавете го вашето темпо. Сѐ она што треба да биде ваше, ќе дојде со текот на времето, на еден или на друг начин. Верувајте во своето време и имајте надеж дека ве очекува подобра иднина.rnrnПрочитајте ги и овие цитати кои ќе ви покажат колкава е моќта на трпеливоста.
Не трчајте премногу брзо низ вашиот живот, бидете трпеливи
