КАФЕ ПАУЗА

Не плашете се да изгубите некој кој не е среќен што ве има

Не плашете се да изгубите некој кој не е среќен што ве има

Многу често одлучуваме да останеме во некоја врска само затоа што се плашиме да бидеме сами. Па, затоа почнуваме да прогледуваме низ прсти за сѐ што се случува и толерираме повеќе отколку што треба. Не вреди да се остане во секоја врска, по секоја цена. Важно е да проверите како се чувствувате и како се однесува партнерот со вас. Многу е лесно да станете мрзливи, да се препуштите на монотонијата на врската и да заборавите какво е чувството кога постои вистинска страст и љубов.rnrnНе плашете се да изгубите некој кој не е среќен што ве имаrnrnСамо затоа што ви е удобно, не значи дека се работи за она вистинското. Кога ќе ве прегрне, треба да чувствувате повеќе од една обична рака околу вас која ви е добро позната. Треба да почувствувате дека личноста која ве прегрнува знае што има до себе.rnrnНормално дека сите ние понекогаш забораваме дека треба да вложиме труд во врската. Животот станува напорен и тоа се случува. Но, доволен е еден отворен разговор за да му кажете на партнерот дека се чувствувате игнорирано, и нештата би требало да се вратат во нормала.rnrnНе треба да се борите за љубов и внимание. Искажувањето на љубовта треба да ви доаѓа лесно и природно. Постојат стотици работи кои треба да ги правите свесно за да ја одржите врската силна. Но, покажувањето љубов и делата кои прават вашиот партнер да се чувствува сакано, не треба да се едни од нив.rnrnДоколку чувствувате дека личноста со која сте во врска не е целосно возбудена и воодушевена што е со вас, зошто да бидете со неа? Знаете дека е возможно да ги имате тие силни чувства за некого, знаете дека тие се вистински и дека постојат. Токму затоа, не прифаќајте ништо помалку од тоа.rnrnНе вреди да останете во врска, доколку не чувствувате дека партнерот вистински сака да биде со вас. И двајцата треба да сте среќни што сте заедно, а ако тоа не е случајот, време е да ставите крај на оваа врска која го троши вашето време и емоционално ве празни.