Наједноставниот и највкусниот десерт со вашето омилено пролетно овошје
rn
rn
Потребни состојки:
rn
За тестото:
rn
- rn 011
- 4 јајца
- 4 супени лажици брашно
- 4 супени лажици шеќер
rn 011
rn 011
rn
rn
За кремот:
rn
- rn 011
- 300 милилитри слатка павлака
- 400 грама јагоди
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на 180 степени. Одвојте ги белките од жолчките. Во жолчките додајте го шеќерот и изматете ги. Во друг сад направете шлаг од белките.rnrnВо смесата со жолчките наизменично додавајте брашно, па шлаг, и бавно мешајте. Повторувајте сè додека не го потрошите целото брашно и целиот шлаг. На почетокот смесата ќе биде густа, а на крајот поретка и помалку пенлива.rnrnОбложете тава со хартија за печење. Излијте ја смесата во тавата и распределете ја рамномерно со лажица или шпатула. Ставете ја во рерна и печете до 10 минути. Кога површината на тестото ќе биде златна, готово е.rnrnИзвадете го тестото од рерната и префрлете го во чинија со хартијата за печење одозгора. Навлажнете ја хартијата со цел да можете полесно да ја отстраните, а потоа покријте го тестото со крпа и оставете го да се олади.rnrnИзмијте ги јагодите, исчистете ги и исечкајте ги на парчиња. Со миксер изматете ја слатката павлака и претворете ја во шлаг пена. Одмотајте го оладеното тесто, премачкајте го со шлагот а потоа наредете ги јагодите, па замотајте го во ролна. Посипете со шеќер по желба.rnrnДобар апетит.rnrnПробајте го и овој безглутенски ролат со јагоди и крем од ванила.