Фустаните можат да направат секоја жена да се чувствува женствено и нежно и се идеални за летните периоди. Освен за носење, лесни се и за комбинирање, бидејќи не мора да се мачите со размислувањето која маичка да ја облечете со вашиот омилен пар фармерки. Но, пронаоѓањето на вистинскиот фустан кој совршено ја отсликува вашата фигура е малку потешко. Затоа, во продолжение прочитајте кои фустани одговараат на различните телесни форми и прават да изгледате одлично во секоја ситуација.rn
Форма на крушка: Фустани со полно здолниште
rn
rnrnДве работи се важни кога имате форма на крушка: Да ги истакнете вашите најдобри делови и сѐ уште да се чувствувате пријатно и слободно. Доколку имате пошироки колкови, одлучете се за фустан со повеќе структура – здолништето нека почнува од струкот и нека се шири надолу.rn
Форма на јаболко: Фустани со фалти
rn
rnrnДоколку имате форма на јаболко, тогаш избирајте фустани кои не се лепат на половината, но не се одлучувајте ниту за правите фустани кои наликуваат на вреќи. Идеално би било доколку пронајдете фустан кој има форма на труба за да дадете илузија на помал струк.rn
Форма на песочен часовник: Фустани кои ја оцртуваат фигурата
rn
rnrnСилуетата е најдобриот пријател на жените кои имаат фигура на песочен часовник. Избирајте фустани кои го истакнуваат телото и кои се растегливи, но внимавајте да бидат и удобни. За уште повеќе да ја истакнете половината, доколку носите поспортски фустан, заврзете кошула или џемпер на струкот.rn
Помашка фигура: Фустани како кошули со колан
rn
rnrnАко сакате да додадете облини на својата фигура, тогаш одлучете се за нешто што може да го дефинира вашиот струк. Совршениот избор би бил фустан кој е всушност подолга кошула и кој можете да го затегнете со каиш. Така ќе создадете илузија на фигура на песочен часовник и ќе ги покажете вашите тонирани, цврсти нозе.rn
Поситна фигура: Мини фустан
rn
rnrnКлучот во истакнувањето на убавините на малата телесна фигура е да не ја претрупувате со материјали и ткаенини. Изберете фустан со пократка должина што ќе ја создаде илузијата на подолги нозе. Но, бидејќи е краток, немојте да изберете фустан кој е залепен на телото.rn
Повисока фигура: Миди фустани
rn
rnrnЗа разлика од поситните жени, високите жени можат да избираат стилови со повеќе материјали и слоеви. Доколку можете, избегнувајте ги долгите фустани и држете се до средните должини. Така ќе ја истакнете и вашата половина и вашите долги нозе, а скратениот крој ќе спречи да се чувствувате превисоко.
