КАФЕ ПАУЗА

Најчести грешки што ги правиме додека ја пегламе косата

Автор: Сара ТурановиќrnrnПравата коса е сон на многу девојки, но оние кои пробале да ги исправат своите локни знаат дека тоа не е лесна задача. Најчесто се применува преса или се фенирање, но тие пак ја прават косата слаба и кршлива. Ако се одлучите сами да ја исправувате, може дури и да ѝ нанесете поголема штета. Ова се грешките кои треба да ги избегнувате за вашата коса и понатаму да биде убава и здрава.rnrn1-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-dodeka-ja-peglame-kosata-kafepauza.mkrn

1. Исправувањето на косата започнува уште под тушот

rnНиту еден шампон или регенератор нема да ви овозможи потполно права коса. Но препаратите за коса на кои стои ознаката „smoothing“ (исправување) може да ви помогнат да ја припремите косата за пеглање, односно ќе ѝ ја дадат потребната влага. Земете широка четка за коса и расчешлајте ја косата на која претходно сте ѝ нанеле регенератор. Потоа исплакнете ја косата. Кога ќе ја исплакнете немојте грубо да ја триете со пешкирот. Со тоа ќе ги разбушавите локните што природно ги има вашата коса. Па затоа поминете со пешкирот неколкупати и соберете го вишокот вода, предлага стилистот Сара Потемпа.rnrnWoman washing her hairrn

2. „Шушкањето“ на косата не е добар знак

rnАко видите пареа или чуете дека косата шушка додека се пеглате, прекинете. Тоа значи дека косата е сè уште влажна. Косата треба да биде потполно сува кога ќе започнете со пеглање. Ако сте сигурни дека косата ви е потполно сува, друг виновник за ова може да биде некој препарат кој го користете, нè советува Хари Џош, стилистот на ангелите Миранда Кер и Жизел Бундшен.rnrnБи требало да избегнувате да ставате што било на сува коса, тоа е главната разлика помеѓу виткањето на косата и пеглањето. Керамичките плочки, под висока температура, директно ја притискаат косата, па производот кој сте го нанеле нема каде да оди. Во суштина на тој начин го притискате производот во фоликулите на косата, што не е добра идеја особено ако тој производ содржи алкохол.rnrn3-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-dodeka-ja-peglame-kosata-kafepauza.mkrn

3. Не користите препарати за заштита од топлина

rnБидејќи пеглата ја исправува косата на висока температура, за да не дојде до сушење на косата или пукање, користете препарати кои ги штитат фоликулите на косата од високи температури. Овие препарати се нанесуваат на мокра коса. Побарајте ги оние без масло и силикони, бидејќи овие може да ја измрсат веќе измиената коса и да ја направат тешка и нееластична. Ако имате подебело, погрубо влакно или оштетена коса може да користите арганово масло.rnrn4-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-dodeka-ja-peglame-kosata-kafepauza.mkrn

4. Превисока температура

rnПресите за коса може да достигнат многу висока температура. Некои преси се специјално дизајнирани за паралелна примена на кератински третмани во салоните. Ако ја пеглате косата сами треба да знаете дека грубата, оштетена или пак фарбана коса не треба да ја пеглате на високи температури. Исто така, иако побрзи резултати би постигнале со повисока температура, за траен ефект подобро е да ја пеглате косата на пониска температура и што помалку да ги задржувате керамичките плочки на површината на косата. Не заборавајте дека пресата за коса може да постигне температура која е доволна за да се испече пица!rnrn7-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-dodeka-ja-peglame-kosata-kafepauza.mkrn

5. Не ја делите косата на делови

rnЗемајте прамен по прамен од вашата коса. Плочките на вашата преса нема да можат да ја испеглаат косата подеднакво ако праменот е премногу густ, но постои и можност некои делови да ги прескокнете. Проблемот е во тоа што тогаш би ви било потребно појака температура и повеќе повторувања за да би ја исправиле. Наместо ова, поделете ја косата во делови. Поделете ја косата на средина а потоа во помали делови. Причина плус за да ја поделете косата е тоа што ќе заштедите и време.rnrn5-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-dodeka-ja-peglame-kosata-kafepauza.mkrn

6. Почекајте косата да се излади, па потоа нанесете препарат

rnАко после пеглањето користите некој препарат за коса како гел, лак или крем, почекајте косата да се излади, па потоа нанесете го. На тој начин ќе избегнете косата да стане леплива и здрвена. Ако препаратот го нанесувате директно на косата, протријте го помеѓу дланките па нанесете а потоа протресете ја и косата. Добар избор се и препаратите кои може да ги напрскате на четка па потоа да ги нанесете како на пример восок во спреј или лак за коса.rnrn6-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-dodeka-ja-peglame-kosata-kafepauza.mkrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.