Најбрзиот и најлесниот рецепт за колач со цреши

Сподели

Искористете ја сезоната на црешите и пробајте го наједноставниот рецепт за вкусен колач
Потребни состојки:

rn

    rn 011

    Реклама
  • 4 јајца
  • rn 011

  • 100 милилитри јогурт
  • rn 011

  • 100 грама шеќер
  • rn 011

  • 200 грама брашно
  • rn 011

  • 2 кафени лажички прашок за печиво
  • rn 011

  • 200 грама цреши
  • rn 011

  • Лебни трошки
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnТргнете ги гранчињата од црешите. Промешајте го брашното со прашокот за печиво и тргнете го настрана. Вклучете ја рерната на 180 степени. Во еден сад со средна големина ставете ги јајцата заедно со шеќерот, па матете додека не добиете дупло зголемена и бледожолта смеса. Во смесата можете да додадете и рака смелени бадеми за да му дадете на колачот дополнителен вкус во комбинација со црешите. Потоа додајте го маслото во смесата со јајцето и шеќерот, во неколку наврати, и нежно промешајте. На крај, додајте ја и смесата со брашното и прашокот за печиво.

Премачкајте ја тавата со масло и посипете ги лебните трошки. Потоа сипете ја и подготвената смеса и на врвот поставете ги црешите. Колачот се пече околу 40-тина минути. Имајте на ум дека рецептите со јогурт бараат повеќе време да заруменат. Колачот ќе биде готов кога ќе се одвои од тавата и ќе добие темна нијанса на златножолта боја.

Пробајте ги и овие црни шумски мини колачиња со цреши.

Најново

Може ќе ве интересира