Летен тренд кој го обожаваме: Кошули врзани во јазол

Сподели

Лесните кошули ги носиме секое лето, понекогаш во кратка верзија, а понекогаш како туника. Ова лето, ви предлагаме да испробате нешто малку поразлично и да ја заврзeте кошулата или блузата во јазол.

Реклама

Можете да ја носите во комбинација со шорцеви, фармерки, со здолништа до колена, па дури и со мини здолништа. Одлично ќе изгледа во комбинација со панталони или здолништа од лен, особено ако сте на море.

Не плашете се да ја откопчате и да го покажете деколтето. Во тој случај накитот кој го носите околу вратот ќе може да дојде до израз.

Со така врзаната кошула можете да одите на плажа, но одлична е и за вечерно излегување. Ние ви предлагаме да ја носите во комбинација со панталони со висок струк и рамни сандали. Секако, задолжителен детаљ е големата плетена чанта.

На следната страница погледнете повеќе фотографии од различно искомбинирани кошули во јазол.rn

Популарно

Може ќе ве интересира