КАФЕ ПАУЗА

Колку долго трае љубовната врска на паровите пред да се венчаат?

Колку долго трае љубовната врска на паровите пред да се венчаат?

Некои љубовни парови уште веднаш знаат дека се работи за љубов на прв поглед и не чекаат многу за да се венчаат. Но, на некои им треба подолго време за да сфатат дали сакаат засекогаш да останат со нивните партнери. Благодарение на едно истражување, спроведено на повеќе од 4.000 луѓе, знаеме точно колку долго чекаат современите парови пред да „рипнат во тавче“.rnrnКолку долго трае љубовната врска на паровите пред да се венчаат?rnrnОдговорот гласи: 4,9 години. Веднаш пред да ја прослават дрвената годишнина. Романтично, се согласувате?rnrnИстражувањето исто така открило дека во денешно време 89% од паровите почнуваат да живеат заедно пред да се свршат. Освен тоа, просечната возраст на невестите е 30,8 години за разлика од 1971 година кога нивната просечна возраст била 22,6 години.rnrnСекако дека не сме јасновидци и знаеме дека станува збор само за бројки, но ако набрзо ќе полните 31 година и во врска сте околу 5 години со партнерот со кого живеете, можеме да видиме свадбени ѕвона во блиска иднина.rnrnДознајте и зошто мажите треба да стапат во брак.