КАФЕ ПАУЗА

Кога е вистинскиот момент?

Автор: Калин БабушкуrnrnСите сме во некаква потрага по тоа кога е ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ. Постојано сме во спрега со тоа чудно прашање: дали е вистинскиот момент сега? А кога е?rnrnkoga-e-vistinskiot-moment-kafepauza.mkrnrnНајголемиот проблем е што додека чекаме да дојде вистинскиот момент, времето си поминува. Па така и се враќаме назад на прашањето: кога е вистинскиот момент? Немојте да очекувате или да чекате некој да ви помогне околу наоѓање на одговорoт на тоа прашање, затоа што вистинскиот момент е кога вие ќе се почувствувате подготвени! Тоа е најпростиот одговор.rnrnЕве ви некои совети, како побргу да дојдете до вистинскиот момент, односно да се почувствувате подготвени:rn

    rn011

  • Немојте да седите со скрстени раце и ништо да не преземате, бидете сигурни дека никогаш нема да дојде вистинскиот момент.
  • rn011

  • Истражувајте наоколу за тоа што сакате да направите. Видете како другите го направиле тоа. Консултирајте се.
  • rn011

  • Прашувајте наоколу, но немојте да применувате сè што ќе ви кажат. Учете од туѓите грешки (можеби звучи како клише, но мое е да кажам) и ако може да не ги повторувате нивните грешки, уште подобро.
  • rn011

  • Намалете ги можните ризици до нула или многу малку. Тоа ќе го направите, ако планирате квалитетно и доволно време.
  • rn011

  • Доколку финансиите се проблем (а речиси се секогаш), истражете ги сите опции за наоѓање инвестиции (банки, пријатели, кофинансиери, роднини, итн.)
  • rn011

  • Имајте време и за себе и за себеанализирање, можеби и ќе согледате некои работи што ќе ви помогнат.
  • rn011

  • Размислете многу и за вашата иднина, надвор од работата или обратно.
  • rn011

  • Побарајте, ако ви треба, поддршка од блиската околина, но немојте да се декуражувате доколку не ве поддржат…
  • rn011

  • Верувајте во себе.
  • rn

rnЗа што и да сте чекале дали е вистинскиот момент, немојте да чекате туку почнете да доаѓате до тој момент што побргу, ако не и веднаш. Вистинскиот момент е кога сте вие подготвени.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.