Отеченото лице е еден од најголемите козметички проблеми на жените ширум светот. За жал, не постои начин целосно да се спречи отеченоста на лицето, но постојат начини за намалување на нејзината појава. Прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат да ја намалите отеченоста на лицето.rnrn
rn
1. Спијте со дополнителна перница под главата
rnДополнителната перница помага во борбата против гравитацијата и е еден од најлесните начини за спречување отоци бидејќи ја намалува количината течност што се задржува во лицето.rn
2. Измијте се со ладна вода
rnНе постои ништо подобро од ладна вода за разбудување на лицето и за забрзување на циркулацијата на крвта. Ладната температура е брз начин за затегнување на порите и за вазоконстрикција на вените, а тоа значи истиснување на насобраната течност од лицето, што дополнително помага во намалување на отокот.rn
3. Ролери за лице
rnНекои заговорници на ролерите за лице тврдат дека движењето камен (најчесто жад) на вашето лице може да ја урамнотежи вашата аура, да ги прочисти токсините и да го поттикне производството на колаген.rnrnНауката не може да го потврди ова, но сигурно е дека ролерите му прават лимфна масажа на вратот.rnrnАко претходно ги изладите ролерите во фрижидер и потоа го измасирате лицето, ќе го елиминирате отокот, а во комбинација со жад можете дополнително да го намалите воспалението.rn
4. Третман со зелен чај и компир
rnСварете го зелениот чај и ставете го во фрижидер да се излади, а потоа исечкајте го компирот на неколку парчиња и потопете го во ладниот чај. Натопените компири ставете ги на очните капаци.rnrnЛадната температура и кофеинот од чајот брзо ќе ја намалат отеченоста на очите, особено затоа што станува збор за комбинација на антиоксиданти и скроб.rnrnПогледнете како едноставно и брзо да ги покриете седите влакна доколку немате време за бојадисување на косата.