Речиси 10% од жените страдаат од депресија за време на бременоста. Оваа депресија често се манифестира како замор, мизерија, проблеми со концентрацијата, тага или страв. Овие симптоми се најчести во првиот и вториот триместар од бременоста.rnrn
rnrnПоголема е веројатноста да искусите некои од овие симптоми ако имате семејна или лична историја со депресија, сексуална злоупотреба или злоупотреба на супстанци. Исто така големо влијание има исхраната, дехидратацијата или околноста на вашата бременост. Без разлика која е причината, важно е да побарате помош.rnrnДенешната медицина нуди антидепресиви, но хомеопатијата нуди безбедна, поевтина и потенцијално ефективна алтернатива. Ова се 3-те лекови кои хомеопатите најчесто им ги даваат на жените со депресија во текот на бременоста.rn
1. Пулсатила
rnНајчесто овој лек се дава во текот на последниот триместар од бременоста. По неколкумесечна бременост, емоциите почнуваат да се засилуваат. Солзите се појавуваат без никаква причина. Се појавува и страв од иднината. Во овој период на жените им е потребна и поголема поддршка од семејството. Може да се појави и зголемена жед како и желба за кремаста храна.rn
2. Сепија
rnОвој лек се дава кога жената на некој начин станува закана за себе и за својот партнер. Постои постојано чувство на очај и не сака да го има детето. Нејзината свест ја убедува дека не е подготвена или способна да биде мајка. Кога оваа фаза не се лекува, може да има влијание на поврзаноста со мајката и детето по породувањето.rn
3. Игнатија
rnОвој лек најчесто им се дава на жените кои имаат историја со неплодност или неколку спонтани абортуси. Во тој случај жената може да стане опседната со желбата да биде мајка. Штом ќе остане бремена, се појавува очај и страв да не го изгуби бебето. Можат да се појават и сомнежи дека нема да биде доволно добра мајка. Жените со оваа состојба често се пречувствителни на мириси.rnrnОнлајн пребарувањето за хомеопатски лекови може да биде навистина збунувачко поради големиот избор. Иако хомеопатијата се користи низ целиот свет, секогаш е најдобро да побарате совет од професионалец, особено во случај на бременост и депресија.rnrnПрочитајте ги и нештата кои секоја жена треба да ги знае за своето здравје.
