Науката открива на што девојките најдобро реагираат кога ги разгледуваат профилите на своите пријатели од спротивниот пол на социјалните мрежи.
rn
Ако сте висок, нека се гледа тоа
rnВисината им е битна на девојките. Според некои истражувања мажите кои се високи 188 сантиметри или повеќе имаат многу поголеми шанси да договорат состанок со девојка во споредба со оние кои немаат повеќе од 173 сантиметри. Девојките висината потсвесно ја поврзуваат со силата, здравјето и добрите гени и затоа повеќе ги привлекуваат високите момци.rn
Немојте да се смеете на фотографијата на профилот
rnИстражувачи од Универзитетот Колумбија направиле истражување за тоа како девојките реагираат на различни профил-фотографии и заклучиле дека оние кои се смеат на нив добиваат помалку внимание. Мажите со сериозен и горд израз на лицето им биле попривлечни. Научниците претпоставуваат дека тоа е поради тоа што насмевката може да укажува на социјална послушност и преправање, а девојките не го ценат тоа.rn
Сликајте се со музички инструмент
rnИ музичките способности се поврзуваат со добрите гени во женскиот мозок. Сликајте се со некој инструмент, па дури и да не сте најдобриот свирач на светот. Тоа жените го сметаат за секси, а тоа го потврдува и фактот дека при едно истражување мажите кои додале фотографија со гитара трикратно го зголемиле бројот на Фејсбук пријатели.rn
Облечете црвено
rnИстражувањето на Универзитетот Рочестер потврдува дека оние кои носат црвени кошули се перципирани како посекси од страна на женскиот пол. Оние кои биле облечени во спортска облека или во сини кошули поминале нешто полошо од оние во црвено.rn
Скратете го своето име
rnСпоред податоците на еден американски сајт за запознавање, кратките и скратените имиња доста подобро поминуваат од долгите. Тоа значи дека ако ја напишете кратката форма на вашето име ќе делувате дури за 69% попристапно за припадничките на понежниот пол.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

