КАФЕ ПАУЗА

Како да разговарате со близок кој има проблем со прекумерна тежина?

Како да разговарате со близок кој има проблем со прекумерна тежина?

Written by

in

,

Ако имате некого кој ви е близок и го/ја сакате, а има проблеми со прекумерната тежина, потребно е да поразговарате со него/неа за тоа. Причината не тоа што не изгледа добро, што е релативна работа, туку затоа што не е здраво, и не зборуваме за неколку килограми плус, кои цело време доаѓаат и си заминуваат, туку за дебелина која претставува нарушување на здравјето.rnrnАко разговарате со лекар на оваа тема, тој ќе ви каже дека носењето на поголем вишок килограми е како да носите на грбот вреќа со тежина сразмерна на вишокот, а таквата тешка физичка работа лошо влијае на здравјето.rnrnКако да разговарате со близок кој има проблем со прекумерна тежина?rnrnДоколку вашите блиски велат дека сакаат да стигнат до здрава форма на организмот, потрудете се да им помогнете и да ги мотивирате уште повеќе. Но, доколку велат дека се среќни со вишокот килограми, што не е веројатно, и дека им е убаво кога си го носат „товарот“, седнете да поразговарате со нив на оваа тема. За тоа да помине добро, применете ги советите на д-р Џенифер Кронберг.rnrnКако да разговарате со близок кој има проблем со прекумерна тежина?rn

Што да не направите?

rnНе засрамувајте ги. Предизвикувањето на срам кај него/неа може на краток рок да предизвика промени, но не и на долг рок. Тоа може само да ја натера личноста помалку да јаде пред вас и да се крие додека го јаде „вистинскиот оброк“. Иако вашата намера со реченицата: „Не те собира веќе во тие фармерки“ е добра, таа не дава позитивен ефект.rnrnНе наметнувајте го разговорот на оваа тема по секоја цена. Потрудете се да разговарате, но ако другата страна ја избегнува дискусијата, отстапете малку и оставете и простор. Можеби се чувствителни на ова прашање, што не значи дека не мислат на тоа. А можеби пак разговараат за тоа со некој друг.rnrnНе фокусирајте го целиот разговор на тежината или на храната. Ако фокусот го ставите на тежината и изгледот, очекувајте одбранбен став кој тешко се пробива. Веројатно ќе налетате и на тезата дека се среќни со вишокот на килограми и дека високиот крвен притисок не е голем проблем. Наместо тоа, наметнете разговор за здравствените аспекти поврзани со прекумерната тежина.rnrnНе нудете совети за губење на прекумерната тежина уште на почетокот. Сигурно и вашиот близок добро знае дека треба да почне да се храни здраво и упорно да вежба за да стигне до здравата тежина. Не започнувајте веднаш со совети дури и ако вие веќе сте изгубиле многу килограми и сакате да го/ја инспирирате. Фокусирајте се на тоа дека ги сакате и се грижите за нив и напоменете дека тоа е причината поради која сакате да разговарате со нив на оваа тема.rnrnНе надгледувајте колку јадат и колку вежбаат. Изигрувањето полицаец може да ви ја искомплицира врската, а не е ниту продуктивно.rnrnНе осудувајте ги. Осудувањето на блиските не доаѓа предвид по ниту еден основ, па ниту по овој. Општеството им суди, тие самите на себе уште повеќе си судат, па не треба и вие блиските да им ја комплицирате ситуацијата уште повеќе. Вие сте тука за да помогнете.rnrnКако да разговарате со близок кој има проблем со прекумерна тежина?rn

Што треба да направите?

rnБидете чувствителни за нивната состојба. Доколку веќе се срамат од нивната ситуација, мора да имате емпатичен пристап кон работите. Некои од нив отворено се шегуваат на сметка на своите килограми, но тоа е само реакција на болката која ја чувствуваат. Не додавајте сол на раната, туку покажете почит кон нивните чувства.rnrnРазговарајте за здравјето и чувствата. И повторно, разговорот за здравјето и чувствата е вистинскиот пристап. Реченици како: „Не сакам да те гледам како страдаш поради срцеви проблеми или висок крвен притисок,“ или: „Загрижен сум затоа што не можеш да изодиш два километри без да се умориш“ даваат подобри резултати.rnrnЗборувајте со нив со љубов и почит. Едноставно е. На оваа личност кажете ѝ дека ја сакате таква каква што е. Потоа кажете ѝ дека сакате да ја видите во своето најздраво и најсреќно издание.rnrnЕмпатија. Сигурно имате некоја болна тема на која избегнувате да разговарате: љубовните врски, однесувањето со парите, недостатокот на образование… Размислете за тоа како би сакале некој да ви пристапи за да разговара на овие теми со вас и ќе знаете како и вие треба да пристапите.rnrnРазмислете за сите опции. Можеби во прашање не е само опуштање во уживањето на храната и мрза кога станува збор за вежбање, туку станува збор за здравствен проблем како нарушување во исхраната или депресија. Не обвинувајте, туку покажете ја сета ваша љубов, почит и грижа и оставете ѝ простор на блиската личност потоа сама да го најде својот пат кон целта.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.