КАФЕ ПАУЗА

Како да преговарате за повисока плата?

Како да преговарате за повисока плата

Written by

in

,

Без разлика дали барате работа, па допрва треба да преговарате за висината на вашите месечни примања или пак веќе долго време работите и сметате дека заслужувате покачување на платата, на ваквите ситуации не треба да им се плашите, туку треба да знаете како да се справите со нив.rnrnКако да преговарате за повисока платаrn

Преговарање за прва плата

rnДоколку сте дојдени на прво интервју, не спомнувајте ја платата, освен ако немате силна причина за тоа или доколку работодавачот не ве праша за вашите очекувања за месечните примања.rnrnДоколку работодавачот ве праша колкава плата очекувате доколку се вработите на тоа работно место, немојте да го избегнувате одговорот, бидејќи на тој начин ќе оставите впечаток дека не знаете да си ги процените вашите способности или дека немате јасен став за работното место.rnrnПредложете почетна плата за која би објасниле дека ќе работите додека не се докажете дека работата ви легнала, но дека со зголемувањето на вашето придонесување за компанијата, очекувате да се зголемат и вашите примања.rn

Барање за покачување на платата

rnПред самиот состанок со шефот важно е добро да се припремите. Сумирајте ги вашите достигнувања и успехот во компанијата и поткрепете го секој исказ со докази. Размислете што вашиот шеф би можел да ве праша или да ви приговори за вашето барање и спремете си одговори.rnrnЗапрашајте се „Што доколку ме одбие?“ и размислете дали сте толку незадоволни што ќе посакате да ја промените работната средина доколку вашиот предлог за зголемување на платата биде одбиен. Секогаш е добро да размислите однапред дали е вистинското време да побарате покачување со оглед на вашиот моментален квалитет на работење и положбата во која се наоѓа компанијата за која работите.