КАФЕ ПАУЗА

Како да отворите шише без отворач?

Како да отворите шише без отворач

Written by

in

,

Се собрало добро друштво, владее убава атмосфера, има пијачка… но нема отворач за шишиња. Научете ги добро овие неколку трикови за отворање шишиња без употреба на отворач и забавата нема да ви се расипе.rnrnКако да отворите шише без отворачrn

Со заби

rnЗабите се доволно цврсти да отворат шише, а можете да ги употребите така што ќе го сместите капачето помеѓу двете вилици, со горната ќе притиснете надолу, а со долната вилица ќе загризете на капачето.rnrnrn

Со голи раце

rnСè што треба да направите за да отворите шише на ваков импресивен начин е да го забиете капачето во внатрешниот дел на раката и силно да завртите. За разлика од силното, бавното и меко завртување многу ќе боли, па затоа не се штедете.rnrnrn

Каков било раб

rnЦврстите рабови од каков било предмет во ваша близина може да ве спасат ако немате отворач за шише. Наједноставно е да го поставите шишето на работ на масата во коса положба и да удрите по капачето. Внимавајте ударот да не биде премногу силен затоа што многу лесно може да се скрши грлото на шишето.rnrnrn

Со запалка

rnОва е доста едноставен метод. Запалката треба да ја земете во посилната рака, да ја поставите веднаш под капачето, додека со послабата рака цврсто ќе го држите горниот дел на шишето. Притиснете со запалката на капачето повеќе пати сè додека шишето не се отвори.rnrnrn

Со банкнота

rnПревиткајте една банкнота на половина, а потоа мотајте ја најцврсто што можете. На крај превиткајте ја на половина и веќе сте го добиле вашиот импровизиран отворач за шишиња. Земете ја банкнотата во вашата посилна рака и поставете ја веднаш под затворачот, а над другата рака со која треба да го држите горниот дел на шишето. Повлечете како со вистински отворач и ќе се изненадите од моќта на банкнотата.rnrnrn

Со клучеви

rnКлучевите од станот или од автомобилот на едната страна имаат еден нерамен дел којшто треба да се постави исто како запалката или банкнотата, а потоа да се притисне неколку пати додека капачето не се искриви доволно за лесно да се извади.rnrnrn

Со чекан

rnЧеканот не треба да го употребите за да удрите по шишето и така да го отворите. Од него потребен ви е само оној дел наменет за вадење шајки, само што овојпат на местото на шајката треба да го поставите капачето.rnrnrn

Со токата од ременот

rnПовеќето токи всушност и личат на отворачи за шишиња. Треба само соодветно да се постават врз капачето и да се притисне.rnrnrn

Со друго шише

rnПоставете ги капачињата на две шишиња едно врз друго, така што нема да бидат поставени како запалката или клучевите, затоа што треба да се искористи забестиот дел од капачето. Повлечете го горното шише нагоре и капачето на шишето одоздола лесно ќе излезе.rnrnrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.