Покрај добро познатите оштетувачи на косата како феновите, фарбите, пеглите и слично, на нејзиното здравје и изглед многу влијаат и временските услови. Сонцето е позната и сериозна закана за состојбата на влакното, но исто така и студеното време. Сувиот студ ја суши косата и го расипува целокупниот изглед.rnrnНо, со оваа природна маска од авокадо ќе ја направите вашата коса мека и мазна, а ќе ви помогне и да го зацврстите влакното, како и да го забрзате растот. Дополнително, таа ќе го превенира кршењето и сушењето на косата. И, згора на сè, благодарение на маслиновото масло ќе добиете сјај, а медот ќе ви ја даде потребната влажност.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 1 авокадо
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици мед
rn011
rn011
rn
rn
rnrnПресечете го авокадото на парчиња и со виљушка изгмечете го. Потоа ставете го во блендер и додадете ги останатите две состојки. Блендирајте.rnrnПотоа нанесете ја смесата подеднакво на целата коса, дигнете ја во пунџичка и покријте ја со капа за туширање. Оставете ја да седи 45 минути. Потоа измијте ја. Готово. Вашата коса ќе биде забележливо помека, помазна и заштитена од влијанијата на студеното време.rnrnАвокадото кај нас не е толку достапно и евтино, но доколку сте во можност, направете ја оваа маска за заштита и нега на вашата коса, барем кога ќе биде најстудено.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.