Најчесто, секој пар нови чевли кои ќе ги купите, ви создаваат болки на стапалата. Ова се неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги прескокнете болките и веднаш да уживате во своите нови чевли.rnrn
rn
Носете ги по дома
rnОвој совет сите го знаеме уште од мали. Најдобро е да ги носите чевлите со уште еден пар чорапи за тие побрзо да се пуштат и да не ве стегаат. Покрај тоа, дополнителниот пар чорапи ќе ви помогне да ги заштитите нозете од појавата на плускавци.rn
Наполнете ги кондурите со крпи
rnМожеби звучи чудно, но овој трик навистина е успешен. Кога не ги носите наполнете ги со постари крпи за малку да се растегнат и рашират. Ова е исто така одличен начин, кондурите да ви останат во првобитниот облик.rn
Испрскајте ги чизмите со мешавина од вода и алкохол
rnВо прскалка направете мешавина од вода и алкохол во сооднос пола-пола. Со неа испрскајте ја внатрешноста на кондурите. Ова е најдобро за кондури кои се произведени од кожа.rn
Дувајте ги со фен
rnДувајте ја внатрешноста на кондурите со фен пуштен на силна температура, околу половина минута и потоа поносете ги малку да се рашират. Можете да ја повторите постапката неколку пати.rn
Замрзнете ги
rnЗемете стари весници, стуткајте повеќе листови и убаво пополнете ја внатрешноста на кондурите (како што се пополнети во продавниците). Потоа, ставете ги обувките во една кеса и пикнете ги во замрзнувач. После ден-два извадете ги.rn
Однесете ги на кондураџија
rnДоколку сè уште не можете целосно да уживате во новите чевли бидејќи ви предизвикуваат болки во стапалата, тогаш време е да ги однесете кај професионалец, а тој ќе знае што да им стори за да ви бидат покомотни. Тој ќе ги постави на соодветен калап и откако ќе постојат одреден период, веднаш ќе ја почувствувате разликата.rnrnДоколку и покрај сè не успеете да се навикнете на вашите нови обувки, имајте на ум дека секој пар чевли е приказна за себе. Сè зависи од материјалот од кој се направени, па неретко за да се навикнете на нив може да биде потребно и еден месец интензивно носење.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
