Како да дознаете дали вашиот партнер ве изневерува на Фејсбук?

Сподели

На луѓето кои често се впуштаат во афери сега им е уште полесно да ги изневеруваат партнерите, благодарение на Интернетот. Можеби, Фејсбук не е направен за да им ја олесни работата на неверниците, но дефинитивно може да биде искористен и за такви цели. Па, кога луѓето во сериозна врска стекнуваат нови пријатели онлајн, каде е границата помеѓу Фејсбук пријателството и флертот?

Реклама

rn

Од што се состои онлајн неверството?

rnНеверството на Интернет се сочинува од истите 2 компоненти како и традиционалното неверство: емоционално и сексуално. Според едно истражување, типовите однесување на социјалните мрежи што може да се сметаат за изневерување се онлајн секс, онлајн љубовни состаноци и други видови сексуално однесување и емоционална приврзаност. 60 до 82% од испитаниците ја оцениле емоционалната приврзаност како поштетна од сексуалното однесување.

Реклама

Иако целта на Фејсбук не е да промовира изневерување, истражувачите откриле дека голем број разведени луѓе ја наведуваат токму оваа социјална мрежа како фактор што придонел за распаѓање на бракот. Сепак, постои големо несогласување околу тоа што може да се смета за изневерување, а многумина не ни знаат како да дознаат дали нивните партнери ги изневеруваат на Фејсбук.rn

Дали треба да се загрижите за лајковите на вашиот партнер?

rnФејсбук нуди голем број методи на комуникација и лично изразување, кои честопати создаваат проблеми во љубовните врски. Модерните парови наидуваат на потешкотии кога треба да одлучат кои типови однесување на Фејсбук се неприфатливи. Истражувачите откриле дека проблематичните начини на однесување вклучуваат спријателување со поранешни љубови, коментирање или комуницирање со привлечни корисници и одбивање да се покаже соодветен љубовен статус. Некои корисници дури не ги ни прифаќаат нивните партнери за пријатели на Фејсбук.

За разлика од другите социјални мрежи што служат за да ги поврзат луѓето од различни страни на светот, Фејсбук ја охрабрува комуникацијата со луѓе што не ги познаваме во живо. Партнерите најмногу се вознемируваат доколку постои веројатност комуникацијата онлајн да премине во разговори во 4 очи.

Реклама

Освен тоа, постои уште едно сомнително однесување на Фејсбук, а тоа е мистериозноста. Од приватни пораки до лажни профили, Фејсбук им овозможува на корисниците да ја почувствуваат возбудата што произлегува од онлајн неверството и криењето тајни.

rn

Фејсбук се користи за да се задоволат емоционалните потреби

rnКорисниците на Фејсбук понекогаш почнуваат да изневеруваат онлајн за да почувствуваат емоционална приврзаност. Дури и голем број на венчани луѓе го користат Фејсбук за да си ги задоволат емоционалните потреби. Истражувачите објаснуваат дека преку објавувањето статуси на Фејсбук луѓето имаат можност да го добијат потребното внимание и разбирање од останатите корисници. Не е никакво изненадување тоа што ваквото однесување може да создаде емоционално растојание помеѓу брачните сопружници.rn

Јавно покажување на виртуелниот флерт

rnЛуѓето што изневеруваат честопати ги засрамуваат нивните партнери со тоа што јавно го покажуваат нивното флертување. Истата динамика важи и за социјалните мрежи, каде што сите „пријатели“ можат да видат кого лајкува или со кого си коментира неверникот. Ваквото однесување може да доведе до блокирање, бришење од пријатели, нарушување на приватноста, контактирање трета личност која застанала помеѓу партнерите и објавување срамни информации на ѕидот на партнерот кој изневерил. Обичните позитивни коментари и лајкови лесно можат да преминат во стотици негативни пораки на Фејсбук дневно. Пријателите, обожавателите и следбениците лесно се претвораат во сајбер прогонувачи.rn

Фејсбук може да има и позитивно влијание на љубовните врски

rnА сега малку добри вести! Фејсбук може да се користи за да се зацврстат врските сѐ додека нема знаци на неверство. Експертите потенцираат дека венчаните парови можат да го употребат Фејсбук за да ја подобрат комуникацијата и на тој начин да го намалат емоционалното растојание што се јавило помеѓу нив.

Кога партнерите во сериозна врска го користат Фејсбук за да ја зацврстат нивната врска, наместо да градат нови врски и да бараат други љубовни опции, оваа социјална мрежа може да им помогне да ја одржуваат меѓусебната комуникација кога не се заедно. Правилната употреба на Фејсбук може да изгради мостови помеѓу партнерите, а не граници.

Во продолжение, прочитајте дали сте близу до изневерување.

Најново

Може ќе ве интересира