КАФЕ ПАУЗА

Исчистете сè по ред: 7 трикови со детергент за перење алишта

Исчистете сè по ред: 7 трикови со детергент за перење алишта

Written by

in

,

Детергентот за перење алишта, течен или прашок, може да се користи за чистење подови, одзатнување канализација, перење автомобили и многу повеќе. Сепак, користете мала количина и некој поблаг детергент.rnrnИсчистете сè по ред: 7 трикови со детергент за перење алиштаrn

1. Одзатнување на канализацијата

rnПред да повикате водоводџија, истурете 1/4 чаша течен детергент, а потоа потурете ја со 3,5 до 4,5 литри врела вода.rn

2. Повеќенаменско чистење

rnИзмешајте 1/3 чаша варикина, додајте околу 4 литри вода и една лажица прашок за алишта. Оваа мешавина можете да ја користите за бришење на ѕидовите и површините во бањата.rn

3. Теписи

rnЛогично е дека детергентот, создаден за отстранување дамки од облеката, има ист ефект и врз теписите. Едноставно нанесете малку сув детергент на дамката, а потоа нежно тријте го со влажна крпа. Оставете да дејствува 5-10 минути, а потоа исплакнете.rn

4. Перење автомобили

rnДетергентот за перење алишта ќе заврши одлична работа за чистење на нечистотијата од вашиот автомобил, но внимавајте да не го користите премногу. Една лажичка во кофа со вода е доволна. Бидете сигурни дека користите благ детергент за да избегнете оштетување на бојата на автомобилот.rn

5. Перење подови

rnЕнзимите од детергентот за алишта совршено ги чистат подовите. Користете лажичка детергент во кофа со вода, но задолжително исцедете го џогерот или крпата пред да го избришете подот.rn

6. Металните држачи од рерната

rnСтавете ги во када или голема кофа и наполнете топла вода додека не се целосно потопени, а потоа додајте 3/4 чаша детергент за алишта и оставете го да отстои преку ноќ. Потоа, исчистете ја мрснотијата и отстранете ја нечистотијата со сунѓер или четка.rn

7. Отстранување дамки

rnИстурете го течниот детергент директно на дамката, а потоа нежно тријте ја ткаенината со мека четка.rnrnПрочитајте ги овие 7 правила за ментална чистота и подобар живот.