КАФЕ ПАУЗА

Факти за здравјето откриени со најновите истражувања

Факти за здравјето откриени со најновите истражувања

Истражувањата станаа многу голем тренд на универзитетите ширум светот. Прочитајте кои новости се откриени во последно време.rn

Отсуството на утринска ерекција е лош знак

rnНедостатокот на утрински ерекции кај мажите претставува сериозна сигнализација дека може да се појави еректилна дисфункција, открило финско истражување спроведено на 1.000 мажи.rnrnФакти за здравјето откриени со најновите истражувањаrn

Негрижата за забите може да води до неплодност

rnГрижете се за вашите заби доколку сакате да останете бремени. Австралиски истражувачи откриле дека кај жените кои имаат некаква болест на непцата може да се одложи зачнувањето за 2 месеци. Се смета дека воспаление во устата, може да ѝ смета на плодноста кај жените.rn

Телефонскиот разговор со мајката успокојува

rnТим од Универзитетот Висконсин-Медисон го тестирал нивото на стрес-хормонот кај група волонтери, во моменти кога на нив им била потребна поддршка од нивните мајки. Притоа било откриено дека текстуалните пораки немале никаков ефект, но затоа зборувањето по телефон направило разлика. Било откриено дека зборувањето го поттикнува лачењето на смирувачкиот хормон окситоцин.rnrnФакти за здравјето откриени со најновите истражувањаrn

Сувото грозје го регулира крвниот притисок

rnГрицкањето суво грозје три пати на ден може да го регулира крвниот притисок, вели истражувањето спроведено од страна на Истражувачкиот центар за метаболизам и атеросклероза во Луисвил. Тие откриле дека овој овошен десерт го намалува крвниот притисок до 10 милиметри живин столб.rn

Сиромашните луѓе јадат храна со поминат рок?

rnПосиромашните Британци си го ризикуваат нивното здравје јадејќи некои рискантни остатоци од храна, открило истражување спроведено од Агенцијата за стандарди на храната. Било откриено дека повеќе од половина од испитаниците се имале обидено да консумираат храна, и покрај тоа што нејзиниот рок бил поминат.rn

Бургер+цвекло = добитна комбинација

rnБургерите можеби имаат многу заситени масти, но научниците од Универзитетот Абердин во Шкотска, велат дека комбинирањето на ваквиот оброк со цвекло, може многу да им помогне на љубителите на брзата храна. Антиоксидансите кои ги содржи цвеклото може да спречи вашето тело да ги апсорбира мастите од бургерот.rnrnФакти за здравјето откриени со најновите истражувањаrn

Мажите кои се фит живеат подолго

rnДоколку сакате да живеете подолго, имајте на ум дека одржувањето на кондицијата на телото, е многу поважно отколку слабеењето. Единаесетгодишно истражување спроведено на 14.000 мажи, од страна на Американската срцева асоцијација открило дека редовниот фитнес ги намалува шансите за умирање во текот на наредните 6 години за 19 проценти.rn

Гледајте тажен филм кога сте нерасположени

rnДоколку се чувствувате депресивно и меланхолично, гледањето срцепарателен филм е вистинскиот избор за вас. Истражување спроведено во државниот универзитет во Охајо открило дека тажните филмови можат да ни помогнат подобро да размислиме и повеќе да ги цениме нашите лични врски и односи со другите луѓе.rnrnФакти за здравјето откриени со најновите истражувањаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.