Доколку сакате да изгледате повитки, а немате време да држите диети, следете ги овие неколку мали и едноставни трикови. Најважното нешто што треба да го запомнете е секогаш добро да ја одбирате облеката, како и да внимавате на вашето држење.rnrn
rn
Облека што ви одговара
rnАко сакате да изгледате послабо, мора да носите облека што ви одговара. Дури и најслабата жена може да изгледa пополно доколку носи фармерки или здолниште кои не ѝ одговараат. Треба да внимавате на должината и големината на парчињата што ги носите за да изгледате попривлечно. Кусите парчиња скоро на никого не му личат добро.rn
Одбегнувајте ги хоризонталните линии
rnРигите ќе направат да изгледате пошироко, па доколку ги носите, тоа нека биде на горниот дел од торзото, на тој начин ќе ги истакнете градите.rn
Колан
rnКога станува збор за коланите, поголемиот дел од жените прават грешка. Коланот се носи исклучиво само на долниот дел од струкот. Доколку сакате да изгледате послабо широките колани се идеален избор.rn
Темни бои
rnЦрната боја прави да изгледате послабо, па затоа практикувајте ја. Од друга страна доколку сакате да истакнете некој дел од телото, тогаш носете бело. Така, црните фармерки и белата кошула се идеална комбинација, за да изгледате потенко во долниот дел од телото, а пополни во горниот.rn
Носете штикли
rnНосењето на штикли во однос на рамни обувки, ви помага да ја издолжите вашата силуета.rn
Исправете се
rnОна што дефинитивно најмногу ќе ви помогне да изгледате послабо е држењето на телото. Исправете се и не се движете подгрбавено. Обидете се да го држите телото исправено дури и кога седите.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.