КАФЕ ПАУЗА

Дознајте како да си угодите себеси наутро, дури и кога немате воопшто време

Дознајте како да си угодите себеси наутро дури и кога немате воопшто време

Written by

in

,

Секое утро станувате подоцна, брзате да се подготвите и излетувате од вратата цели во хаос. Се пронајдовте? Ова сценарио воопшто не делува релаксирачки и може да влијае на целиот ваш ден. Затоа најважно е секое утро да си одвоите по неколку минути да си угодите себеси дури и ако мислите дека немате воопшто време.rnrnДознајте како да си угодите себеси наутро дури и кога немате воопшто времеrnrnОва сигурно ви звучи невозможно, особено затоа што зборот „угодува“ веднаш асоцира на седење во топла бања или поминување на денот во спа центар (а кој има време за тоа?!). Но, станува збор за планирање однапред и за стекнување неколку брзи ритуали кои ќе ви помогнат да се чувствувате посебно, опуштено и подготвено за новите предизвици со кои треба да се соочите дента. Денот ќе ви биде поубав затоа што ќе бидете посреќни, порелаксирани, попозитивни и поприбрани.rnrnОва се неколку начини кои ќе ви помогнат да имате прекрасно утро дури и ако немате воопшто време…rn

Ставете маска за лице

rnМаските за лице обично се поврзуваат со викендот или со вечерите поминати во топла бања. Но, зошто да не си ја дадете себеси истата грижа и наутро? Постојат многу едноставни маски кои нема да ви одземат ни малку време. Наш предлог е да ја пробате маската за која ќе ви бидат потребни само овесни снегулки, боровинки, мед и неколку минути. Што би можело да биде полесно од тоа?rn

Имајте вкусен појадок

rnМожеби ќе ви изгледа како да немате доволно време, но возможно е да се има вкусен појадок, како на пример вафли кои ќе ги испланирате однапред. За вафлите, чувајте однапред подготвена смеса во фрижидер и наутро само ставете ја во тостерот. Додајте овошје и ќе имате вкусен појадок за кратко време.rnrnДознајте како да си угодите себеси наутро дури и кога немате воопшто времеrn

Истријте го телото со зрна кафе

rnСекако дека можете неподвижно да стоите под тушот и да размислувате за животот. Или, можете да си подарите себеси едно убаво утринско триење на телото само со зрна од кафе. Ова ќе ја направи вашата кожа помазна од кога било и веднаш ќе се чувствувате подобро.rn

Ставете маска за очи

rnПовторно маската за очи може да ви изгледа како луксуз бидејќи веднаш потсетува на ден поминат во спа центар. За среќа, овие маски се неверојатно лесни за правење. Едноставно ставете некоја додека избирате што ќе облечете и проверувате имејл. Вашите очи нема да бидат повеќе потечени и ќе бидете подготвени да го започнете денот.rn

Седнете за да се нашминкате

rnНаместо да нанесувате пудра додека панично трчате наоколу и ги облекувате чевлите, одвојте неколку минути и седнете додека се шминкате. Исто така целосно заборавете на нанесувањето маскара додека возите!rn

Одвојте 10 минути за медитација

rnАко навистина сакате да си го направите утрото прекрасно, потрошете неколку минути за да се ослободите од менталниот багаж. Доволни ви се само 10 минути поминати во тишина со затворени очи. Според едно неодамнешно истражување луѓето кои редовно медитирале 6 недели покажале помала нервоза во стресни ситуации. Ви треба ли поголем доказ?rnrnДознајте како да си угодите себеси наутро дури и кога немате воопшто времеrn

Побарајте масажа

rnАко живеете со вашиот партнер или имате неверојатни цимери, пробајте да ги убедите да ви ги масираат рамениците неколку минути. Или набавете си личен масажер за грбот и направете го тоа сами. Во секој случај ќе го започнете денот со опуштени мускули. А има ли нешто подобро од тоа?rn

Прескокнете го времето поминато пред екраните

rnАко сакате утрото да си го посветите на себе, тогаш немојте да гледате вести или да ја прелистувате почетната страна на Фејсбук. На тој начин вие се програмирате себеси целиот ден да робувате на технологијата, а утрото треба да биде резервирано само за вас. Пробајте да ја искористите опцијата да не ви стигнуваат нотификации за да не паднете под искушение да отворите Фејсбук или да заглавите со еден куп имејлови.rn

Направете си смуди

rnСмудито е прилично скапо за да се купи, но тоа не значи дека треба целосно да го одбегнувате. Одберете ги вашите омилени производи и направете си смуди сами. На тој начин ќе се наполните со енергија и ќе бидете свежи и подготвени за работа.rn

Купете си цвеќиња

rnНе само што свежите цвеќиња се убави за гледање, туку и нивниот сладок мирис може да ви го подобри расположението. Најновите истражувања постојано ги поврзуваат цвеќињата со општата благосостојба. Чувајте го вашето омилено цвеќе до креветот или во кујната за тоа да биде првото нешто што ќе го видите кога ќе се разбудите.rnrnДознајте како да си угодите себеси наутро дури и кога немате воопшто времеrn

Истегнете се

rnИсто како со масажата, така и со кратко и брзо растегнување ќе ги опуштите мускулите и ќе се чувствувате подобро цел ден. Ова може да го правите додека сте во кревет со едноставни истегнувања на нозете и рацете. Можете да практикувате што сакате и колку долго или кратко сакате.rnrnСледното утро пробајте да направите некои од овие работи и ќе видите како за кратко време тие ќе станат неминовен дел од вашето секојдневие и никогаш повеќе нема да имате лош ден.