Играчките мора да бидат безбедни, прилагодени на возраста, но исто така треба и да ги развиваат вештините на детето и да овозможат континуирано учење и истражување. Доколку се прашувате каква играчка да му купите на вашето дете за празниците, по можност да не е скапа, а сепак да е корисна за него и забавна, тогаш погледнете како неговите години диктираат што му е најпотребно за игра.rnrn
rn
1-2 години
rnД-р Дубравка Шимуновиќ смета дека за малечките во втората година од животот важни се првите сликовници кои е добро да се изработени од пластифициран материјал, без непотребни детали.rn
„Дидактичкиот материјал во оваа доба се играчките за туркање и влечење, разни дрвени возила во кои детето може да седне, на нив да додаде различни предмети и притоа да ги вежба движењата“, нагласува таа.
rn
2-3 години
rnВо третата година детето станува сè повешто и бара играчки кои ќе ги задоволат неговите потреби за движење. Детето слика со прстите и си игра со боите, моделира со пластелин и глина. За оваа возраст идеални се играчките поврзани со животинскиот свет, сето она што се турка, како и акустични играчи.rnrn
rn
4-5 години
rnКај малечките кои се една година постари од претходните, моториката е на самиот врв. Низ сите видови игри во таа доба доминира имитативната игра. Омилената играчка за девојчињата е куклата, но и кадифените животни (мечето, најмногу и најчесто). Детето поставува разни прашања гледајќи ги сликовниците и тоа го поттикнува на говорна активност. Секогаш добар избор се коцките за градење, сложуваки, фризерски прибор и опрема, кукли, глина за моделирање, сликовници со краток текст.rn
„Кај петгодишните деца значајна е улогата на вербални информации, бидејќи на детето му е потребно родителите да му објаснуваат, да го надополнуваат, да го поправаат и да му помагаат во формирањето на поими“, вели Дубравка.
rnТаа напомнува дека детето бара друштво на врсници и во игрите започнува да усвојува правила, да ги почитува и да се придржува до нив. Во работата со овие деца соодветен дидактички материјал се ножиците, прибор за шиење, топка, јаже за прескокнување. Имитативните игри се разновидни, а најомилена улога е онаа на доктор, медицинска сестра или болничарка.rn
6 години
rnКога малечките ќе наполнат шест години, се зголемува интересот за конструктивни игри.rn
„Кај девојчињата и понатаму најомилена е куклата, а кај момчињата разни возила и машини. Детето ги употребува со големо внимание ножичките или боите за цртање“, истакнува Дубравка.
rnШестгодишните деца сакаат различни спортски игри и сѐ повеќе бараат друштво од своите врсници. Ги усвојуваат правилата на игрите, ги почитуваат и се придржуваат до нив.rnrnДоколку сакате да поминете повеќе време со вашето малечко, тогаш одлучете се за некоја од овие бесплатни работи кои можете да ги правите со вашето дете на отворено.