Третманите со бебешки ботокс (Baby Botox) содржат минимална доза ботокс, што се нанесува на вообичаените места. Резултатите се многу слични како и кај нормалните дозирања, но сепак овозможуваат поголема подвижност на лицето, но и векот на траење е малку пократок. Пациентите (и мажи и жени) би требало да го повторуваат третманот на секои два месеци.rnrn
rnrnБебешкиот ботоксот едноставно им овомозжува различен избор на пациентите. Доколку тие сепак сакаат ботокс, ќе се одлучат за вообичаената доза. За помалата доза се одлучуваат оние пациенти кои сакаат дејството на ботоксот да им трае кратко и оние кои сакаат мали промени, со цел што поприродно да изгледаат. Терминот потекнува од САД, а настанал кога филмскиот режисер Мартин Скорсезе се жалел од „замрзнатиот“ израз на лицето на своите актери, кои поради вкочанетоста на мускулите не можеле убедливо да ги глумат улогите. Многу од нив почнале да бараат ботокс третман што нема да им пречи, што ќе им даде поприроден изглед и ќе исчезне кога ќе им треба поинаков изглед за следната улога.rn
Како се применува?
rnБотоксот внимателно и прецизно се нанесува во многу мали количини и ја блокира работата на поединечни мускули кои учествуваат во мимиките на лицето. На тој начин се намалуваат и се отстрануваат брчките на лицето кои настануваат од силните контракции на тие мускули. Препаратите делуваат само на местата на кои се нанесуваат, а самото нанесување е речиси безболно затоа што се става со многу тенки игли.rn
Каде се применува?
rnМестата на кои најчесто се изведува овој третман се брчките на челото, ситните брчки на надворешната страна на очите, брчките над горната усна, нерамнините на брадата и брчките на вратот.rnrn
rn
Како делува?
rnБотоксот делува 2 или 3 дена по нанесувањето и тогаш стануваат видливи првите ефекти. Подмладувањето на лицето се случува постепено и може да трае и до еден месец. Третманот може да се повторува неограничен број пати, затоа што не постои никаква опасност по здравјето на пациентот. Потребно е да се води сметка за тоа помеѓу третманите да има доволно временски простор. Во најголем број случаи третманот се повторува на секои 4 месеци, за да се одржува младешки и свеж изглед.rn
Заздравување
rnПациентите (и мажите и жените) може веднаш по завршувањето на постапката да се вратат на извршувањето на секојдневните обврски. На местото каде што е извршено инјектирањето може да се појават мали модринки кои лесно се покриваат на вообичаениот начин.