КАФЕ ПАУЗА

Дали моногамијата е навистина реалистична?

Дали моногамијата е навистина реалистична?

Можеби е тешко да се признае, но речиси секој има размислувано на оваа тема. Моногамијата е комплицирана тема, па дали луѓето навистина треба да бидат во моногамни врски?rnrnДали моногамијата е навистина реалистична?rnrnВо библиските времиња било прифатено мажите да имаат повеќе жени, љубовници или хареми. Всушност, дури и во некои модерни култури нормално е мажот да има повеќе сопруги. Дали полигамијата е поприродна? Дали имањето повеќе партнери, па дури и неверството се нормален дел од човечката природа? Повеќето мажи би се согласиле со идејата да имаат повеќе жени. Повеќе секс со разни партнери ја допира примарната потреба за размножување и искрено, повеќето мажи и жени би го прифатиле ова доколку би имале шанса.rnrnНо, многу мажи изјавиле дека не се среќни со идејата нивната жена да има некој друг, како и дека задоволувањето на повеќе жени им создава голем притисок. Ова не значи дека паровите кои имаат отворени врски грешат. Веројатно нивото на комуникација кое го имаат овие парови со цел да си веруваат е многу повисоко од она во моногамните врски.rnrnРомантичните врски од кој било вид бараат постојана работа. Наградата од поврзување со некој што го сакате бара комуникација, распореди, игра, секс, семејство, навики… речиси сè. Па, прашањето сепак останува. Ако мнозинството од нас сакаат долгорочна, моногамна врска, зошто сè уште изневеруваме и се разведуваме?rnrnДали сакаме моногамија бидејќи сметаме дека треба да го имаме тоа, или пак таква ни е природата?rnrnДознајте и дали навистина постои ген за изневерување.