rnrn4. Добро знаеме дека чантите се страст на секоја жена, па така една црна чанта, со безвремен изглед, која ги спојува класичното, елегантното и шик во едно парче, мора да се најде во вашите раце.rnrn
rnrn5. Со оглед на тоа дека секогаш зборуваме за трендовите, оваа сезона немојте да бидете без едно црно чокер ланче – тренд што продолжува со истиот интензитет од претходната година.rnrn
rnrn6. Можеби уште сега размислувате за летото и одморот во некои топли, морски краеви, па размислите и за тоа дека сигурно ќе ви биде потребен црн, дводелен костим за капење кој ќе ви овозможи одличен изглед на плажа.rnrn
rnrn7. Тука е, секако, и црното мини здолниште кое можете да го понесете со некои високи потпетици, но и со сведена блуза и патики во кои ќе изгледате одлично.rnrn
rnrn8. Каде што е целата модна комбинација, таму се и обувките. За оваа година погрижете се да имате црни чизми и салонки, бидејќи нема да можете да згрешите ниту со едните, ниту со другите.rnrn
Црни парчиња облека кои треба да ги имате во вашиот гардеробер
