Нема потреба да се претворите во порно ѕвезда со цел да го задоволите вашиот партнер и добро да си поминете во кревет. Вие треба само да ги следите следниве неколку основни насоки, со цел јасно да му покажете на вашиот партнер колку сте талентирани помеѓу чаршафите.
rn
1. Бидете отворени за нови искуства
rnНе велиме да се откажете од оние нешта кои сигурно ве водат кон задоволство, туку да воведете малку промени и експерименти со цел да откриете сосема нови страни од вас. Едноставно бидете отворени за истражување и игри во креветот, а со тоа и овозможете му на вашиот партнер искуство кое нема никогаш да го заборави.rn
2. Оралниот секс е секогаш пожелен
rnОвозможете му орално задоволство и кога тој не го бара тоа од вас. Тоа можете да го направите преку предиграта или како начин да го доведете до оргазам, па токму затоа и не се воздржувајте. Користете го јазикот и не се грижете за тоа колку сте добри – неговите реакции и движења ќе ви покажат точно што треба да правите и со кое темпо.rn
3. Користете ги рацете
rnМажите се често премногу чувствителни кога станува збор за нежно галење, но во масажа и рачна стимулација на пенисот и тестисите, тие неизмерно уживаат. Повторно набљудувајте ги неговите реакции со цел да знаете колку цврсто треба да го држите и колку брзо да се движите со вашите раце. Сепак доколку не сте сигурни, побарајте конкретни упатства од него.rn
4. Менувајте пози
rnВие можете да го оживеете вашиот сексуален живот така што ќе внесете нови пози или различни игри кои не ги практикувате често. Задоволството се зголемува и доколку вклучите места кои не се вообичаени за вашите сексуални активности. Едноставно излезете од вашата спална соба и обидете се со секс на подот или на столица, а новите пози ќе си дојдат сами по себе.

