Дали знаете дека лековите и сончањето не се добра комбинација? Ако земате одредени лекови, треба да избегнувате изложеност на сончева светлина и високи температури. Некои кремови за акни, антибиотици и антидепресиви во комбинација со сончевите зраци можат да доведат до разни несакани ефекти. Затоа е многу важно внимателно да го прочитате упатството на секој лек што го консумирате, како и на кремовите и на другите препарати што ги користите. Одредени супстанции што ги има во овие производи ја прават вашата кожа почувствителна на светлина и може да предизвикаат алергиска реакција на кожата која може да се појави неколку дена по изложувањето на сонце. Ако користите некој од овие лекови, не треба да се изложувате на сончева светлина.rnrn
rn
Антибиотици
rnАнтибиотиците можат да предизвикаат фотосензитивност и фотоотоксична реакција, што значи дека тие ќе ги влошат изгорениците од сонцето.rn
Кремови за акни и козметика против стареење
rnПроизводите што содржат ретинол и салицилна киселина може да доведат до сува кожа и таа станува многу почувствителна на сонцето. Ова значи дека ќе изгорите многу побрзо од вообичаеното.rn
Лекови против алергија
rnНекои антихистаминици може да го намалат потењето. Потењето го лади телото и ги исфрла токсичните материи, па ова може да биде проблем при високи температури. Ако телото не може да се разлади, може да се појави топлотен удар.rn
Антидепресиви
rnОвие лекови можат да го блокираат сигналот (испратен од мозокот) дека вашето тело се прегрева. Тие исто така може да го намалат потењето, што доведува до потешко разладување на телото.rn
Антиинфламаторни лекови
rnСекогаш кога земате некој од овие лекови, задолжително нанесете крем за сончање на вашата кожа. Лекарите препорачуваат да ја намалите изложеноста на сонце колку што е можно повеќе.rn
Витамини и производи на растителна база
rnМногу витамини и производи на растителна база имаат фотоотоксични ефекти. Поради тоа, мора да бидете претпазливи кога ги консумирате.rn
Кремови за локална апликација
rnИзложеноста на сонце може да го зголеми ефектот на лековите што се апсорбираат директно преку кожата. Ако имате изгореници предизвикани од сонцето, крвните садови на површината на вашата кожа се прошируваат и тоа може да доведе до зголемена апсорпција на лекот.rnrnПрочитајте кои кремови за сончање се подобри – хемиските или минералните.