Дали постојано наоѓате изговори зошто вашиот пријател не може да влезе во вашата соба? Или пак се вцрвувате од срам секогаш кога ќе ви дојдат неочекувани гости? Ова звучи како да се срамите од нередот кој го имате во вашиот дом. Замислете колку би ви било попријатно кога постојано би биле како оние луѓе кои секогаш имаат чисти и уредни домови и во кое било време се спремни за пречекување гости. Всушност, нив ги карактеризираат некои дневни навики со кои постојано го одржуваат среден нивниот простор. Погледнете што прават овие луѓе секој ден, па обидете се да примените некои од нив.
rn
1. Го местат нивниот кревет
rnПред да излезат од својот дом, овие луѓе го местат својот кревет. Доколку сте во брзање, повлечете го само чаршафот до перниците и израмнете го со цел да изгледа уредно. Оваа едноставна постапка прави да имате ред во вашата соба, а исто така на овој начин продуктивно ви започнува и вашиот ден.rn
2. Ја испразнуваат машината за садови наутро
rnИспразнете ја машината за садови наутро и подгответе ја за претстојниот ден. Со ова вие си ја олеснувате работата, а исто така ги отстранувате садовите да не стојат во мијалникот во текот на целиот ден.rn
3. Често ја перат облеката
rnРедовното перење облека спречува вашиот куп со валкани алишта да стане премногу голем, а исто така нема да се соочите и со ситуација во која нема да ви биде достапно омиленото парче облека. Оние кои живеат во големи семејства го прават тоа секој ден, но доколку живеете сами, перењето неколку дена во неделата ќе ви биде доволно.
rn
4. Користат кошеви за организирање на работите
rnНаместо да бидат расфрлани работите во вашиот дом, при што потешко и ќе можете да ги пронајдете, обидете се да користите кошеви каде што ќе можете да ги складирате вашите предмети.rn
5. Не одложуваат
rnКога ќе се вратите од пазарување, сместете ги работите на своето место и отстранете ја непотребната амбалажа. Истото се однесува и кога ќе направите некои дамки. Исчистете ги веднаш затоа што колку што повеќе одложувате, толку потешко ќе ви биде да се справите со нив.rn
6. Уредно ја отстрануваат облеката што ја носеле во текот на денот
rnБез разлика дали наредниот ден планирате да ја носите истата облека или не, откако ќе се соблечете уредно поставете ја на своето место. Доколку е за перење, веднаш однесете ја во кошот за таа намена.
rn
7. Чистат додека се извршуваат другите задачи
rnНа пример, додека се подготвува ручекот, тие ги мијат садовите или пак додека поминуваат низ ходникот ја бришат прашината.rn
8. Никогаш не одат во кревет со валкана кујна
rnНе легнувајте оставајќи неред во вашата кујна. Уште истата вечер погрижете се да ја исчистите, да ги измиете садовите и тенџерињата и слично. Така, помалку работа ќе имате за наредниот ден и утринските часови ќе можете да ги искористите за некоја друга активност.rn
9. Планираат однапред
rnБез разлика дали тоа е изборот на облеката која ќе ја носите наредниот ден или пак некоја друга активност, најдобро е однапред да ги направите вашите планови, со што ќе имате доволно време за сѐ.

