КАФЕ ПАУЗА

8 причини зошто треба да ја изберете девојката која знае како да ве насмее

Со наоѓањето на девојка која ќе ја цените поради нејзиниот карактер, вие ќе создавате нов слој привлечност секојдневно. Не постои ништо посекси од забавна девојка бидејќи таа ги има сите карактеристики кои мажите ги бараат од понежната половината. Па, тогаш зошто да не би тежнееле кон онаа која најмногу ве смее?rnrn8 причини зошто треба да ја изберете девојката која знае како да ве насмееrn

1. Таа е интелигентна

rnКога ќе запознаете досетлива девојка, многу е лесно да ја препознаете интелигенцијата која се крие зад нејзината насмевка. Ако таа има моќ постојано да мами насмевка на вашето лице, намерно, верувајте таа е совршената девојка за вас.rnrnТаа ќе ве натера да размислувате, бидејќи има способност да ги провоцира мислите преку хумор, притоа правејќи ве посвесни за сите оние нешта кои се сметаат за табу тема во вашата генерација. Тоа е исто така и една од многуте причини поради кои ќе биде скоро невозможно да ви здодее.rn

2. Не ѝ се потребни марки за да се чувствува атрактивно

rnПостојат девојки кои целиот свој живот го сведуваат на физичкиот изглед. И точно, тие можеби во секој момент можат од далеку да го привлечат вашето внимание, но многу често кога ќе им се доближите ќе сфатите дека тие се убави за очи, но слаби на зборови.rnrnСкоро е невозможно да инвестирате долготрајни емоции во која било жена која го сведува животот на физичкиот изглед. Но, доколку таа прави шеги на своја сметка, вие знаете дека се чувствува одлично во својата кожа, па токму затоа и ќе може слободно да разговара со вас за сè.rn

3. Таа е реална

rnВо денешно време многу жени се опседнати со создавање лажна слика за себе во јавноста. Особено преку социјалните мрежи, тие покажуваат една страна од нив која ни најмалку не е слична со нивниот вистински карактер.rnrnЖените кои користат често хумор се автентични, а тоа лесно можете да го забележите и по нивните шеги. Токму затоа и досетливите девојки имаат голем број пријатели (вистински, не на социјалните мрежи) кои одбираат своето слободно време да го поминуваат со нив во реалноста.rn

4. Таа има висока самодоверба

rnНе постојат многу срамежливи комедијанти, се согласувате? Барем не во кругот на успешните. Потребно е да се има посебна дарба за да може да се привлече и задржи вниманието на сите луѓе во просторијата.rnrnДобрата смисла за хумор покажува храброст во социјалните ситуации, како и висока самодоверба. Жените кои ја имаат, свесни се дека се смешни, па токму затоа и често ја користат како секси алатка за привлекување мажи.rn

5. Таа ќе ја преземе контролата врз разговорот

rnЗабавните девојки понекогаш дури и несвесно ја диктираат насоката во која се движи разговорот така што додаваат сарказам или друг вид досетливи шеги. Кога таа ќе направи ваков вид шега, вие веднаш ќе ја забележите и ќе ѝ одговорите на истиот начин. Од друга страна, кога таа се смее и вие ќе се смеете покрај неа.rnrnТие имаат уникатна способност да го тргнат притисокот од нештата и да ве потсетат дека не секогаш треба да бидете толку сериозни. Без разлика на ситуацијата, таа секогаш ќе најде начин како да ве насмее.rn

6. Играта со зборови води кон предигра

rnДоколку почнете да поминувате многу време со забавна девојка, со или без очекувања за вашата заедничка иднина, вие брзо ќе почнете да чувствувате хемија во разговорите која потоа ќе се префрли и во спалната соба.rnrnЖените кои знаат како да ве насмеат, знаат и како да го искористат тоа на сексуален начин, овозможувајќи ви поголемо задоволство. Доволни им се само неколку игри со зборови со цел да ве натераат да посакате веднаш да ги одведете во кревет.rn

7. Таа ќе ви ја сруши заштитата околу вас

rnСмешните жени ви дозволуваат да бидете оние кои навистина сте бидејќи тие и самите го прават тоа за себе. Тоа е можеби најдобриот дел кај забавните луѓе – тие имаат способност да најдат хумор дури и во негативните нешта, без воопшто да се потрудат.rnrnВие никогаш нема да мора да бидете никој друг освен самите себеси со цел да добиете насмевка од неа, па токму затоа и можете да бидете сигурни дека таа нема да ве осудува поради вашите маани.rn

8. Таа никогаш нема да држи лутина

rnБез разлика на вашата караница, таа нема да може долго време да ви биде лута. Од друга страна пак, најдобро од сè е што таа дури и кога знае дека вие сте ѝ многу лути, сепак ќе најде начин да ве насмее. Оваа способност може многу да помогне на подолг рок во вашата врска.rnrnТешко е да се биде лут на девојка со која попрво би сакале да смеете, прегнати. Кога ќе најдете ваква девојка, чувајте ја најдобро што можете, бидејќи таа не само што ќе биде одлична партнерка, туку истовремено ќе ви стане и најдобра пријателка.