Да се биде пријател со бившиот партнер не е секогаш најдобра идеја. Некогаш таа личност треба навистина да си замине од вашиот живот и никогаш повеќе да не се врати. Но, ако сте имале мирољубиво и пријателско раскинување и најголемата причина за тоа раскинување било тоа што повеќе си одговарате платонски, тогаш можеби можете да ја спасите вашата поврзаност.rnrn
rnrnИако да се биде пријател со бивш е тешко и многу ризично, сепак може да има многу придобивки. Ако вежбате трпеливост, љубезност и ако ги почитувате границите на пријателството, еве кои позитивни нешта можат да произлезат од вашето пријателство.rn
1. Не морате да ги делите заедничките пријатели
rnАко заедно си бившиот/ата сте биле дел од поголемо друштво, едно од најчестите прашања по раскинувањето е кој да престане да се дружи со нив. Но, ако останете во пријателски односи, и двајцата можете да продолжите да бидете дел од друштвото. Исто така, луѓето надвор од таа врска нема да бидат приморани да одлучуваат со кого да продолжат да се дружат.rnrn
rn
2. Никој не е негативец
rnГолем дел од раскинувањата се претвораат во навреди, огорченост и презир и ве спречуваат да најдете некоја нова личност. Ако останете пријатели, поголеми се шансите подобро да го пребродите сингл периодот.rnrn
rn
3. Добивате пријател кој најмногу ве познава
rnВашите пријатели можеби ве знаат добро, но не на истиот начин како што ве познава личноста со која сте излегувале. Вашиот бивш партнер најдобро може да ве прочита и тоа е ретка, но многу важна особина која треба да се поседува за да може едно пријателство да опстои. Тие ќе ви го кажат она што не сакате да го слушнете, иако знаете дека во тие моменти токму тоа ви треба.rnrn
rn
4. Нема за што да се карате
rnВие веќе ги имавте сите караници, а нивното решение беше раскинувањето.rnrn
rn
5. Имате бескраен извор на шеги
rnОна што е можеби најубаво нешто во продолжување на пријателството со бивш/а е тоа што можете да се смеете на мааните на другиот. Затоа постојат пријателите, се разбира сѐ додека и двајцата можете да ги издржите „ударите“ на другиот.rnrn
rn
6. Имате помал багаж за следната врска
rnВашето љубовно минато може многу да му каже на новиот потенцијален партнер. Ако имате историја на лоши раскинувања, тогаш можеби вие сте проблемот, но ако сте имале раскинувања без никакви проблеми тогаш тие ги нагласуваат вашите позитивни квалитети со кои можете да придонесете во новата врска.rnrn
rn
7. Можете да сте среќни еден за друг
rnМожеби ќе ви биде чудно ако навивате вашиот бивш партнер да пронајде нова љубов, но тоа е многу забавно. И плус, тоа е ефективен начин да им кажете на идните партнери дека немате проблеми со минатото и дека и тие не би требало да се грижат за тоа.rnrn
rn
8. Следното раскинување нема да биде толку страшно
rnБарем сте научиле дека е во ред да се стави крај на нешто што не функционира. Распаднатата врска не мора да значи дека времето било залудно потрошено – можеби тоа било само потрнлив пат кон прекрасно пријателство.rnrn
