Многу луѓе годишно умираат како последица на проблеми со срцето. И мажите и жените се изложени на ризик поради разни причини поврзани со одреден животен стил. Сепак, постојат многу знаци и предупредувања кои ќе ви помогнат навреме да откриете ако нешто не е во ред со вашето срце. Овие 8 знаци се едни од најчестите и ако ги забележите важно е да им обрнете внимание.rn
1. Болка во раката
rn
rnrnМногу мажи чувствуваат болка во левата рака, додека кај жените болката се јавува и во двете раце. Многу жени изјавиле дека чувствувале необична болка во лакотот пред да имаат инфаркт. Ова се случува бидејќи болката од срцето патува до ‘рбетот каде што се поврзани многу нерви од телото. Тогаш мозокот се „буни“ и мисли дека болката е во раката дури и кога тоа не е вистина.rn
2. Постојано кашлање
rn
rnrnКашлањето може да биде предизвикано од многу работи, но може да биде и знак за кардиоваскуларно заболување. Постојаното кашлање придружено со течност што содржи крв е многу често кај луѓето со проблеми со срцето. Кашлањето може да биде симптом на нешто посериозно, односно диспнеа и губење на воздухот.rn
3. Потечени нозе, зглобови и стапала
rn
rnrnКога срцето не ја пумпа крвта како што треба, течноста од вашите крвни садови протекува во соседните ткива. Ова најчесто се случува во нозете и стапалата поради гравитацијата. Ова нарушување се нарекува периферен едем и може да се појави и кај многу луѓе кои немаат проблеми со срцето. Сепак, бидејќи е чест симптом на срцевите заболувања немојте да го игнорирате.rn
4. Губење апетит и гадење
rn
rnrnМногу луѓе кои страдаат од проблеми со срцето го губат апетитот и им се гади дури и само по неколку залчиња храна. Причината е собирањето течности околу дробот и цревата кои ја попречуваат дигестијата. Овие симптоми често се придружени со болка во стомакот. Ако ги чувствувате сите наеднаш, веднаш посетете го вашиот лекар.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
