rn
5. Алергични сте на некои продукти
rnМногу луѓе имаат чувствителни усни иако остатокот од нивната кожа им е во ред. Ако сте алергични на некои од состојките во вашиот кармин, шминка, паста или други продукти за грижа на кожата, може да завршите со суви и испукани усни. Исто така, алергиите на храна може да предизвикаат иритација на усните.rn
6. Недостаток од витамин Б2
rnВитаминот Б2 се наоѓа во млеко, печурки, спанаќ, јогурт и некои видови месо. Ако имате недостаток од овој витамин може да забележите пукнатини на усните и на краевите од вашата уста.rn
7. Лекови
rnПонекогаш сувата кожа е директен резултат на некои лекови. Некои препишани лекови како диуретици, одредени лекови за холестерол и лекови за акни можат да ја исушат кожата.rn
8. Иритација од цитруси или цинамат
rnКиселината во цитрусите може да ги иритира усните и усната празнина. Ако вашите усни се веќе суви и испукани, јадењето кисела храна може да биде болно. Цинаматите кои може да се најдат во гумата за џвакање, слатките и пастата за заби, исто така може да предизвикаат иритација и болка.rn
Лекување на испуканите усни
rnНајдобриот начин да се справите со сувите и испукани усни е пиењето многу течности и постојано навлажнување со балсам. Можете да користете и навлажнувач на воздух во вашиот дом или канцеларија. Ако не можете сами да го решите проблемот, најдобро е да го посетите вашиот лекар кој ќе ја открие вистинската причина за оваа појава.
Дознајте и кои се промените на усните зад кои се кријат здравствени проблеми.

