КАФЕ ПАУЗА

7 знаци кои покажуваат дека сте хроничен перфекционист

7 знаци кои покажуваат дека сте хроничен перфекционист...

Written by

in

,

Доколку мислите дека спаѓате во категоријата перфекционисти, време е да промените нешто кај себе за да умеете да уживате во сите мали радости што ги носи животот. Еве кои се седумте знаци кои покажуваат дека сте постанале хроничен перфекционист, а кои веруваме ќе ве подзамислат.rnrn7 знаци кои покажуваат дека сте хроничен перфекционист...rn

1. Сакате да имате контрола над сѐ

rnЖелбата да имате контрола над сѐ што се случува можеби е еден од најсигурните знаци дека сте хроничен перфекционист. Доколку во некој групен проект, вие сте тие што го диктираат ритамот на однесување и ги делегирате сите задачи, тогаш време е малку да се опуштите и да сфатите дека не мора само вие да мислите и да сте одговорни за сѐ. Олабавете се и ослободете со од товарот што го носи совршенството!rn

2. Ништо не е доволно добро за вас

rnДали за вас ништо не е доволно добро? Дури и ако сте постигнале голем успех и сте ги оствариле зацртаните цели, сепак не уживате во тоа, затоа што уште мислите дека можевте да го направите подобро? Ако е така, можеби треба да престанете толку опсесивно да размислувате за деталите и едноставно да бидете задоволни со себе и со постигнатото.rn

3. Сакате да ги правите другите задоволни

rnЕкспертите велат дека перфекционизмот започнува уште во раното детство. Повеќето деца од родителите и од наставниците учат дека треба да постигнат многу за да живеат среќен и исполнет живот. Па така тие прават сѐ за да ги задоволат поставените стандарди. Ова може да стане фрустрирачки како раснат, бидејќи некогаш колку и да се трудите, нештата не одат по планот. Според тоа, перфекционизмот предизвикува болни чувства бидејќи е воден од желбата да се биде најдобар, но и од стравот да не се успее во тоа.rn

4. Безделничите

rnМожеби звучи чудно, но перфекционизмот може да биде и она што ве спречува да бидете успешни и да ги постигнете зацртаните цели. Ова е другата страна на перфекционизмот, односно перфекционизмот ориентиран спрема другите. Тука се јавува потребата да се удоволува на другите, што е поврзано со тенденцијата задачите да се одложуваат, односно да се безделничи. Од друга страна пак, на позитивните перфекционисти не им е потребно одобрение од другите, па затоа уште веднаш си ги завршуваат сите планови и обврски, за свое лично задоволство.rn

5. Критички сте настроени спрема другите

rnДали постојано ги осудувате и премногу ги критикувате останатите? Обично кај другите нѐ нервираат особините, што не можеме да се помириме дека и самите ги поседуваме. Доколку постапувате така, можеби треба да се опуштите и да не се трудите да ги забележувате и најситните негативни детали кај другите, што само ви создаваат горчина и незадоволство.rn

6. Мора сѐ да направите сами

rnДали секогаш морате сѐ да направите сами бидејќи немате доверба дека некој друг би можел успешно да ја заврши работата? Кога вака ќе се почувствувате, потсетете се дека не сте машина и дека тоа би можело да ве исцрпи и сериозно да влијае на вашата среќа и здравје. Немојте секоја негативна критика лично да ја доживувате и не плашете се од неуспех.rn

7. Ќе направите сѐ да ги остварите целите, дури и ако тоа ве прави несреќни

rnДоколку постигнувањето на зацртаната цел, ве прави да се чувствувате незадоволно, болно и несреќно и почнува негативно да се одразува на здравјето, тогаш престанете до толку да се притресувате. Понекогаш перфекционистите мислат дека тоа што го сработиле е просечно, а всушност само тие така гледаат на тоа, водени од превисоките и престроги стандарди. За жал, тие мислат дека токму неразумно високите стандарди се она што ги тера да успеат и да се покажат во најдобро можно светло.rnrnЗа крај, навистина не е лесно да се биде перфекционист. Можеби е време да почнете да ја согледувате и негативната страна на таквото однесување и да размислите дали сопствената среќа и задоволство треба да страдаат на патот кон совршенството, што всушност и никогаш не може да се достигне!rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.