Истражувањата за ракот продолжуваат, а медицинските истражувачи напорно се обидуваат да ја добијат битката против него. Луѓето кои страдаат од рак, покрај нивниот медицински третман важно е да внимаваат и на својата исхрана.rnrn
rnrnСпоред едно неодамнешно истражување, има 7 видови суперхрана што наводно го намалуваат развивањето на ракот. Овие прехранбени производи се чести и дури ќе се изненадите кога ќе откриете кои се. Повеќето од нив сигурно веќе ги сакате и ги консумирате.rnrnДобро е да го започнете денот со зелен чај и куркума, но исто толку добро е да уживате и во црвено вино, црно чоколадо и кафе во текот на денот. Исто така популарни се сокот од боровинки и супата од домати. Па како оваа храна функционира во спречувањето на рак?rnrnБлагодарение на многуте физиолошки процеси, како на пример ангиогенезата, кои се одвиваат во нашето тело, тоа е подготвено да се штити од бројни болести. Ангиогенезата е процес кој почнува во раната фаза на развојот на фетусот и е формација на крвни садови. Овој процес продолжува во текот на целиот живот поправајќи ги крвните садови секогаш кога ќе се оштетат.rnrnЛуѓето треба да бидат свесни дека за време на овој процес најмногу се одвива проширувањето на ракот. Процесот е планиран од активатори и инхибитори. Додека активаторите се оние кои го иницираат создавањето на нови крвни садови, суперхраната има важна улога во спречување на ангиогенезата. Ова ќе го спречи протокот на крв во клетките со рак и нема да му дозволи да се развие. Овие 7 видови храна, всушност ја имаат способноста да предизвикаат ефект на анти-ангиогенеза кој е важен во лекувањето на ракот.rn
1. Црвено вино
rnОвој пијалак е посебен поради неговиот антиоксиданс резвератол. Тој се наоѓа во лушпата на грозјето која се користи за правење вино. Резвератолот е познат во спречување многу болести, вклучувајќи болести на срцето и предвремено стареење. Може да ја подобри толеранцијата на гликоза и да ја зголеми концентрацијата. Покрај тоа, ги отстранува слободните радикали од телото, се бори против вирусите и бактериите и помага во обновувањето на ДНК.rn
2. Боровинки и малини
rnПокрај тоа што се вкусни, бобинките се полни со фитохемикалии кои имаат способност да се борат против ракот. Најдобрите резултати ги покажале во борбата против рак на јајниците. Изобилството од фитохемикалии им ја дава темната боја. Покрај тоа, боровинките и малините се одлични антиоксиданси и ја намалуваат ангиогенезата во телото.rn
3. Куркума
rnПоради магичните својства, куркумата е од голема важност во алтернативната медицина. Има својства кои се корисни за лекување хронични медицински состојби, го стимулира слабеењето и штити од рак.rn
4. Темно чоколадо
rnЗа многумина чоколадото е најубавиот дар на светот кој може да ви го подобри расположението. Но, исто така може да ви помогне да го подобрите вашето здравје и да се борите против ракот.rn
5. Домати
rnСпоред неодамнешно истражување спроведено на Харвард, ризикот од рак на простата може да се намали за 50% со редовно консумирање домати. Ова е благодарение на ликопенот кој се наоѓа во нив. Ликопенот лесно се метаболизира, а неговата концентрација се зголемува со загревање на доматите. Поради ова, зготвените домати може да го спречат развојот на рак во телото. Затоа уживајте во супата од домати.rn
6. Зелен чај
rnСите луѓе кои се грижат за своето здравје секојдневно консумираат зелен чај бидејќи ја знаат неговата моќ. Обидете се и вие да пиете по една шолја дневно.rn
7. Кафе
rnОвој пијалак докажано ви ја зголемува енергијата. Покрај тоа, кафето значително го намалува ризикот од рак и треба да го вклучите во вашиот појадок.rnrnСо цел да се заштитите, потребно е оваа храна да ја консумирате редовно.rnrnПогледнете и кои се раните симптоми на рак кои не смеете да ги игнорирате.
