Се верува дека Фенг шуи, античката кинеска вештина за живеење и уредување на просторот, може да внесе баланс и мир во нашиот живот. Проверете како да ја уредите вашата кујна според правилата на таа вештина доколку сакате живот полн со успеси, здравје, изобилство и среќа.rnrn
rn
1. Исфрлете ги сите непотребни работи од кујната
rnИсфрлете го сето она што никогаш не го користите. Старите напукнати садови или пластични вангли и скршените кујнски апарати се на врвот од листата со работи кои создаваат неред во кујната, а до тоа и неред во вашиот живот. Од фрижидерот секогаш фрлајте ги намирниците на кои им е поминат рокот на траење.rn
2. Исчистете го шпоретот
rnТокму тој содржи енергија на просперитет и затоа секогаш мора да биде чист, но и да работи правилно.rnrn
rn
3. Ослободете го просторот од фрижидерот
rnМагнети, разгледници, летоци од испорака, листа на дневни обврски – нередот на фрижидерот и секој поглед на него создава преголема стимулација поради која ќе се чувствувате растресено. Поради тоа посегнувате за храната во фрижидерот дури и кога не сте гледни. Отстранете се од фрижидерот или оставете само неколку инспиративни цитати, а листата со обврски „преселете“ ја на внатрешноста на вратата од кујнските елементи.rn
4. „Сокријте“ ја кантата за отпадоци
rnНе држете ја отворена и немојте да ја сместувате во некое видно поле, туку по можност ставете ја некаде затскриена, во внатрешноста на елементите. Отворената канта за отпадоци во видното поле го доловува нередот и „ѓубрето“ во вашиот живот.rnrn
rn
5. Наполнете ја чинијата за овошје
rnТаа го симболизира успехот и изобилството, а држете ја на исчистена маса или на која било чиста кујнска површина.rn
6. Пронајдете место за билките
rnТегли со зачини, цвеќиња или кои било други билки по ваша желба се добредојдени во кујната, бидејќи внесуваат позитивна енергија во вашето секојдневие.rn
7. Не избегнувајте ги боите
rnКолку повеќе бои, толку подобро! Исто како и билките, боите се задолжени за внесување и за задржување на позитивната енергија во кујната, но и во вашиот живот.rnrn