Тишината понекогаш навистина вреди злато. Дури и најискрените и најблиските партнери не треба да разговараат за некои работи. Самото спомнување на некоја од следниве теми може да предизвика конфликти, раѓање на несигурност, па дури и моментално раскинување во најлошите можни случаи. Супер е тоа што сакате да бидете целосно искрени со вашиот партнер и да му ги откриете сите ваши скриени тајни, но понекогаш подобро е некои работи да останат закопани во минатото. Со цел да одбегнете отворање на нови рани и евентуално распаѓање на врската, одбегнувајте го разговорот на следниве 7 теми…
rn
1. Абортус
rnОпштото дебатирање на оваа тема е во ред, но доколку вие самите сте имале абортус најдобро е тоа да не го откривате. Без оглед на тоа дали вашиот партнер го поддржува правото на абортус или не, сознанието дека вие сте го имале ќе направи да се чувствува многу непријатно. Тој нема да знае како да реагира на ова откритие и не постои реална причина зошто би требало да го спомнувате, особено ако сте во нова врска. Самата помисла на тоа дека некогаш сте останале бремени од друг маж ќе го излуди вашиот партнер, а доколку воопшто не го ни поддржува правото на абортус, дознавањето на нешто вакво би можело да доведе до крај на врската.rn
2. Фактот дека неговиот пенис не е најголемиот што сте го виделе
rnДоколку некогаш сте се прашувале колку е кревка машката самодоверба, спомнувањето на овој факт е најбрзиот начин да дознаете. Мажите се неверојатно несигурни кога се работи за големината на нивниот пенис и нивните сексуални вештини. Немојте да кажувате ништо што би го навело да пребарува на Интернет дали неговиот пенис има нормална големина. Ваквото сознание може да доведе дури и до проблеми со неговата ерекција. Не бидете сурови!rn
3. Перверзни работи што сте ги правеле со други мажи, но не и со него
rnИсто како со големината на пенисот, доколку му кажете на вашиот партнер дека во минатото сте биле перверзни со други мажи, но сега не сакате да го правите истото и со него, тоа може да доведе до многу конфликти. Можеби нема да се налути во истиот момент кога ќе му го кажете тоа, но со текот на времето ќе почне да ви замерува и евентуално ќе ве праша: „Зошто не сакаш да го направиш тоа и со мене?“. Освен ако не сакате да направите нешто перверзно и со него, не го спомнувајте ова. Дури и во тој случај, внимателно почнете го разговорот на оваа тема.
rn
4. Фактот дека сте спиеле со луѓе кои и двајцата ги познавате
rnТој нема да престане да се споредува со вашиот заеднички пријател и ќе почне да се сомнева во вашата емоционална верност, дури и да нема реално оправдана причина за сомнежот. Без разлика на тоа што вие немате никакви чувства за тој човек, помислата дека можеби фантазирате за друг маж кој тој го познава додека спиете со него секогаш ќе му поминува низ глава.rn
5. Бројот на вашите и неговите сексуални партнери
rnРазговорот на оваа тема никогаш нема да заврши добро. Некој ќе биде повреден, особено ако бројката на едниот е далеку поголема од бројката на другиот. Станува збор за податок кој никако нема да ѝ помогне на вашата врска и подобро е воопшто да не се дискутира.rn
6. Фактот дека не ви се допаѓаат неговите пријатели и семејство
rnПостои разлика помеѓу тоа да кажете дека не сакате да поминувате толку време со неговите пријатели и семејство и отворено да кажете дека не можете да ги поднесете. Во поголемиот број случаи, момците ги откачуваат девојките кои гласно и бесчувствително ќе го откријат овој податок. Дури и навистина да ги мразите, имајте осет и едноставно побарајте од него само да постави некои граници.rn
7. Фактот дека немате високо мислење за него
rnНикогаш немојте да му се смеете нему, наместо да се смеете со него. Постои огромна разлика меѓу двете. Доколку многу често го исмевате, тој ќе почне да се прашува зошто е со вас и зошто вие воопшто сте одбрале да бидете со него. Никому не му се допаѓа ваквото непочитување, така што немојте да бидете изненадени ако вашето однесување го наведе да ја прекине врската.


