КАФЕ ПАУЗА

6 терапии за парови кои можете и самите да ги пробате

6 видови на терапии за парови кои можете и самите да ги пробате

Сите ние знаеме дека понекогаш врските можат да отидат во сосема погрешна насока. Работите можат да станат толку сериозни и застрашувачки што едноставно не можете да сфатите кога љубовта се претворила во толку силна и одмаздничка омраза. Токму затоа, како што поминува времето, така сѐ повеќе се развива областа во психотерапијата која е наменета за советување на парови. Но, овие вежби не се однесуваат само на дисфункционалните парови. Понекогаш тие можат да послужат и како одлична превентива за спречување на поголеми проблеми кај сите парови.rnrn6 видови на терапии за парови кои можете и самите да ги пробатеrn

Техника #1 – Погрижете се за вашата нечиста облека

rnКолку долго можете добро да живеете без да ја исперете вашата нечиста облека? Една недела? Две недели? По некое време, тие алишта едноставно ќе почнат многу да мирисаат и нема да можете веќе да ги носите.rnrnСитуацијата со врската не е многу различна. Секојдневно се појавуваат нешта кои ја прават „нечиста“, како на пример, малите иритации, неискажаните забелешки и малите извори на нервоза кои се појавуваат во вашата интеракција. Доколку не разговарате за овие нешта, тие полека ќе почнат да се претвораат во огромни проблеми кои можат дури да доведат до ситуација да престанете да зборувате еден со друг.rnrnКако да го поправите ова? „Перете ги алиштата заедно.“ Барем еднаш во неделата прашајте го вашиот партнер нешто како: „Што сум направи/а за да се почувствуваш неценето, непочитувано или несакано?“ Првиот одговор кој ќе го добиете сигурно ќе биде позитивен, дека сѐ е во ред. Но, не верувајте во тоа. Продолжете со прашувањето. Со тек на време, ќе почнете да ги добивате вистинските одговори. И токму тогаш е време да слушате. Вистински да слушате. Не се обидувајте да го/ја поправате или да се браните себеси. Ниту пак да го/ја напаѓате. Обидете се да сфатите зошто вашиот партнер се почувствувал така и кога ќе успеете во тоа ќе ја отворите вратата на целосната комуникација, без никакви препреки. На овој начин ќе ја зголемите вашата интимност и ќе успеете да ги решавате конфликтите со време, без проблем и непотребна драма.rn

Техника #2 – Искрен час

rnСигурно многу пати сте прочитале дека треба да ги цените интересите на вашиот партнер повеќе од вашите. Но, тоа е далеку од вистината. Кога ги ставате потребите на вашиот партнер пред вашите, вие природно очекувате и тој/таа да го направи истото за вас, но често едниот партнер жртвува многу повеќе од другиот и на тој начин се создаваат отпори и негативни чувства.rnrnЗа да го спречите ова, мора да имате „искрен час“. Станува збор за време во кое ќе си кажете искрено сѐ што чувствувате без притоа да се лутите еден на друг. Оваа вежба со тек на време ќе ви помогне да ја споделите вистината за сите ваши чувства и ќе почнете повеќе меѓусебно да си ги почитувате мислењата, без постојано да ги сфаќате работите премногу лично.rn

Техника #3 – Проблемите мора да се решат пред да заспиете

rnКараниците и несогласувањата кои стојат долго време нерешени честопати можат да се претворат во огорченост, која потоа станува презир. За да не дозволите да се случи ова, обидувајте се да ги решавате конфликтите истиот ден кога тие настанале. Во ситуациите кога има премногу силни емоции или пак, кога ви е потребно малку повеќе време за размислување, договорете се да ставите пауза на вашата „дебата“ и наредниот ден продолжете онаму каде што сте застанале со искрена намера и цел да го решите проблемот.rn

Техника #4 – Направете листа на забавни заеднички активности

rnНапишете 10 забавни нешта кои можете да ги правите заедно. Погрижете се да практикувате барем 1 од овие активности во текот на 1 месец. На овој начин вие ќе се погрижите истовремено и да поминувате повеќе квалитетно време заедно, но и да правите забавни нешта кои ве исполнуваат.rn

Техника #5 – Вечерајте заедно

rnНикогаш не ја потценувајте моќта на заедничкото домашно вечерање. Оваа активност е еден начин на поврзување кој е стар исто колку и самото општество. Обидете се секогаш да наоѓате време да јадете заедно. За време на вечерата, разговарајте за вашите интереси, цели и соништа. Или пак, доколку сте на средината од караница, или вашата врска се наоѓа во лоша состојба, дозволете ѝ на вечерата да биде време и место каде што ќе можете да се одморите од несогласувањето и едноставно само ќе уживате во вашето друштво.rn

Техника #6 – Луда забава и добро расположение

rnТреба многу работа пред да може да започне забавата. Исто како и кога бевме деца, прво требаше да ја напишеме домашната задача, а дури потоа слободно да си играме со другарчињата. Истото се случува и во врските. Но, откако ќе ги решите сите проблеми, несогласувања и конфликти дозволете си да направите нешто комплетно лудо, забавно, па можеби дури и малку неодговорно. Нешто што инаку никогаш не би го направиле, како на пример, сексуален однос во јавност. Што и да одлучите, погрижете се да биде забавно и за двајцата, но и да биде во границите на вашите вредности.